|
|
 |
| ПОСЕБНИ УСЛУГИ |
| |
|
ЈСП СКОПЈЕ - Скопје во својата организациона поставеност има и Служба за слободен превоз, која со возилата на ЈСП СКОПЈЕ организира и реализира договорен редовен и слободен превоз, и тоа:
|
| |
|
1. Посебен линиски превоз
ЈСП СКОПЈЕ - Скопје врши посебен линиски превоз со возилата за јавен превоз или т.н. договорен превоз за училишта, фабрики, јавни институции и превоз по барање на физички лица и здруженија на граѓани.
|
| |
2. Превоз за лица со посебни потреби
ЈСП СКОПЈЕ - Скопје располага со нископоден автобус и минибус за превоз на лица со посебни потреби. Нивното користење се регулира со посебен договор со градот Скопје и Здружението на студенти и младинци Скопје, а се користи за превоз на студентите и учениците со посебни потреби од дома до училиште и обратно. |
| |
3. Одржување и поправка на моторни возила
Располагаме со простор , потребна опрема и високо стручен кадар за комплетно тековно и инвестиционо одржување на автобуси , кое опфаќа: одржување на горен построј- каросеријата, од делумни поправки на каросерија до целосна реконструкција вклучувајќи и фарбање; одржување на долен построј на автобуси: мотор, менувач, диференцијал, предна и задна осовина, систем за кочење, пневматика и хидраулика, систем за ладење, систем за управување и светлосни уреди. |
| |
|
Претпријатието е овластен сервисер за следните типови возила:
- МАН;
- РАБА-МАН;
- МЕРЦЕДЕС;
- ФАП;
- ИВЕКО;
– ЛАЗ;
Оваа дејност ЈСП СКОПЈЕ - Скопје ја врши преку посебно Одделение за договорен превоз кое можете да го контактирате на бесплатната телефонска линија 0800 15 115, како и :
телефон/факс: 02-3174-952; 072 304 045; Понеделник до Петок - од 7 - 15 часот
факс: 02-3174 260;
e-mail: slobodenprevoz@jsp.com.mk
|
| |
|
|
|
| |