Моментален број на посетители:
62
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ОПШТИ ПОДАТОЦИ ЗА ЈСП
 

ОПШТИ ПОДАТОЦИ

 

Почетоците на ЈАВНОТО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ датираат од 1947 година. Три години по ослободувањето на Скопје, во време во кое народните власти почнуваат да го организираат животот во главниот град, со Решение на Извршниот народен одбор на Градот, од 11 Јули 1947 година, се донесува одлука за основање на градско претпријатие за авто транспорт. Претпријатието е регистрирано во судскиот регистар на 17 Јануари 1948 година, под името Градско автобуско сообраќајно претпријатие. Својот роденден ЈСП СКОПЈЕ го прославува на денот кога е регистрирано во судскиот регистар.

Превозот на патници е обврска на ЈАВНОТО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ како јавен превозник. Во архивите на претпријатието стои дека се почнало со превоз на патници на една линија, со пет стари возила запленети во Втората светска војна. Првата и тогаш единствена линија со број 2 била во должина од 6 километри, почнувала од Кумановска трошарина, преку улицата Брегалничка, Кеј 13ти Ноември, Димитар Влахов, Илинденска и завршувала во Градскиот парк. Наскоро била пуштена и линијата со број 3 од населбата Автокоманда до населбата Водно, а веќе во 1956 година се отвараат 9 нови линии, со вкупна должина од 86 километри.

Првите автобуси биле од марките РЕНО,ШКОДА, КЛОКНЕР, ШТАЕР, а подоцна и КРУП и ФИАТ”. Првата поголема набавка на автобуси била направена во 1949 година, кога биле купени и првите 10 Француски автобуси од марката РЕНО”, кои биле користени до 1957 година.

Во меѓувреме, во 1953 година биле набавени првите двокатни автобуси од англиската марка АЕЦ, кои биле права атракција за Градот Скопје, а веќе во 1962 година тогашното ГСП брои 59 возила и број на превезени патници од скоро 30 милиони и над 3 милиони поминати километри.

Со обновата на Градот Скопје и изградбата на нови населби, се пуштаат нови линии и се зголемува возниот парк на претпријатието. Континуирано од година во година се набавуваат нови автобуси, па така во 1980 година ЈСП СКОПЈЕ доаѓа до вкупна бројка од 300 автобуси. 

Во периодот до 1989 година, ЈСП СКОПЈЕ работи како единствен превозник во јавниот градски превоз.

Претпријатието го покрива Градот Скопје и околниот реон со градски и приградски линии – дење и ноќе. Денешните бројки се импозантни. На годишно ниво автобусите на ЈСП СКОПЈЕ минуваат 15.5 милиони километри, со превезени повеќе од 50 милиони патници. Граѓаните се преземаат од 496 градски и 505 приградски автобуски постојки, кои според потребите се распоредени на 36 градски и 42 приградски линии. Располага со две автобази кои се сместени на спротивните краеви на градот, кои опслужуваат подеднаков број на возила и кои практично го претставуваат срцето на јавниот градски превоз.

Структурата на вработените од секогаш ја сочинувале високостручни кадри, бидејќи работењето во еден таков систем секогаш бара квалитетна и стручна работна сила. Вработените функционираат во 7 работни единици, од кои мал дел се во управата, а околу 600 се возачи на автобус.

 Број на автобуски линии

 

Број на автобуски линии

82

Градски линии

Приградски линии

38          

44

Должина на линија на километри

1.252

Градски линии

Приградски линии

428            

824

 

ПРОСЕЧНА ГОДИШНА СТАРОСТА НА АВТОБУСИ ВО ЈСП СКОПЈЕ


 

                                                                                                                        31.12.2012

ТИП 

АВТОКОМАНДА

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

ВКУПНО

ВОЗИЛО

ВОЗИЛА

СТАРОСТ

ВОЗИЛА

СТАРОСТ

ВОЗИЛА

СТАРОСТ

САНОС

101

19,78

91

20,08

192

19,92

ЛЕЈЛАНД

1

31,05

2

22,92

3

25,63

ИКАРУС

0

0,00

19

24,14

19

24,14

ЛАЗ

40

1,54

40

1,55

80

1,55

ЈУТОНГ

108

0,68

108

0,70

216

0,69

ТУРИСТИЧКИ

0

0,00

0

0,00

0

0,00

МИНИБУС

14

5,40

12

4,24

26

4,86

ВКУПНО

264

8,48

272

9,27

536

8,88

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.