Моментален број на посетители:
555
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ОБРАЌАЊЕ НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР
 

 

Обраќање на генералниот директор на ЈСП СКОПЈЕ

 

Почитувани,

По успешно реализираниот проект за обнова на возниот парк со поддршка на Владата на Република Северна Македонија и градот Скопје, нашето претпријатие стана препознатлив бренд во главниот град со 312 нови автобуси и 226 автобуски постојки, што резултираше со зголемување на бројот на превезени  патници во  однос на  предходните  години достигнувајќи ја бројката од 53 020 000 патници за 2014 година.

Во втората половина од 2015 година започнуваме со имплеметација на системот за автоматска локација на возилата, регулација на транспортната услуга, како и електронски систем за наплата со т.н. смарт (електронски) билети.

Во блиска иднина еден ист билет, со иста цена на чинење ќе важи во автобусите на ЈСП – Скопје и приватните превозници.

Со реализација на овие проекти ќе се подобри квалитетот на превозот, ќе се зголеми бројот на патници и ќе се овозможи поголема контрола врз автобусите, со единствена цел овозможување на подобри услови на крајните корисници на услугите на ЈСП – Скопје.

Покрај јасно дефираната опшествено одговорна дејност за градски и приградски превоз на патници, ЈСП – Скопје раководи со повеќе капитални објекти кои сами по себе носат голема одговорност и истовремено претставуваат предизвик во работата на претпријатието.

Еден од нив е Милениумскиот Крст, лоциран на Водно, симбол по кој е препознатлив градот Скопје. Во овој период се превземаат сите потребни мерки и активности за обновување и преадаптација на истиот (антикорозивна заштита, нов лифт, водоснабдување итн.).

Со заокружување на проектот  „Жичарница – Милениумски Крст”, граѓаните и туристите  покрај возењето со жичарницата дополнително ќе уживаат во ресторант на крстот, поглед од краците и осветлување со најсовремени ЛЕД – светилки.

Панорамското тркало со придружни објекти и мостови во централно градско подрачје, лоцирано на реката Вардар, чија изградба е започната и е предвидено да заврши до 2019 година. 

Во претстојниот период ќе продолжиме да работиме и ќе го интензивираме темпото во насока на реализација и имплементација на веќе започнатите проекти, ќе започнеме и нови проекти, со една единствена цел – подобрување и задоволување на услугите на јавниот превоз на граѓаните и зголемување на бројот на превезени патници.

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.