Моментален број на посетители:
90
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
KОДЕКС ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА ПАТНИЦИТЕ
 
 
Информации:
  • Сите информации за услугите, линиите, цените на билетите и видовите на билети Ви се достапни на www.jsp.com.mk и во ЈСП информативните центри.
 
Влегување и излегување:
  • Влегувањето и излегувањето е дозволено само на определени места (автобуските постојки) исклучиво додека возилото е во мирување. Патниците може да влезат само низ влезната врата која се наоѓа веднаш до возачот ,а излезат преку останатите две врати;
  • Ве молиме пред да се обидете да се качите во возилото да им го отстапите местото на оние кои се симнуваат;
  • Кога влегувате или се симнувате од возилата Ве молиме на брзајте и држете се цврсто за парапетот за да избегнете губење на рамнотежата. Патниците внатре треба да се држат за рачките, столбовите и оградите (погледнате дали децата кои патуваат со вас го сториле истото);
  • Кога влегувате или се симнувате од возилата Ве молиме внимавајте на растојанието помеѓу возилото и тротоарот. Ако патувате со деца кои не се во количка секогаш држете ги за рака;
  • Не се потпирајте на вратите и прозорците тоа може да предизвика сериозни повреди.
 
Билети:

Сите патници за време на возењето мора да поседуваат исправен билет , кои на барање на овластено лице мора да го покажат поради контрола. Контрола се врши од страна на возачите, овластени контролори на ЈСП СКОПЈЕ и градските инспектори.
  • При влез во возилата, не заборавајте да го испечатите билетот или покажете слободната карта;
  • Ве потсетуваме дека сите билети мора да биде поништен на почетокот на секое патување (хартиениот билет треба да се вметне во поништувачот);
  • Пред да продолжите проверете дали билетот е поништен ( непоништен билет се смета за неважечки).
 
Возачи:

Ве молиме при влегување во возилото не се задржувајте, не водите разговор и не му го одвлекувајте вниманието на возачот: БЕЗБЕДНОСТА НА СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ ЗАВИСИ ОД НЕГОВАТА КОНЦЕНТРАЦИЈА!

Возачот, овластените контролори на ЈСП СКОПЈЕ или градските инспектори може да забранат влез или да побараат напуштање на возилото на секој патник доколку неговото однесување претставува опасност за редот и дисциплината, ако патникот е видно под дејство на алкохол или предизвикува штета на возилот и опремата во него.
 
Патници со инвалидност, деца и бремени жени:

  • Ве молиме не го окупирајте просторот резервиран за инвалидски и колички за деца.
  • Ве молиме отстапете го вашето место на бремени жени и возрасни лица.
Патниците со инвалидност, возрасните лица, децата во количка и бремените жени имаат приоритетен пристап во возилата.? Доколку имате потреба замолете го возачот за помош?

Во автобусите инвалидските и детските колички треба да бидат паркирани во просторот резервиран за нив. Истите треба да бидат поставени така што не предизвикуваат непријатности на другите патници. Во текот на своето патување не заборавајте дека инвалидските и детските колички треба да бидат поставени во правец на патувањето, да бидат ставени сопирачките како би избегнале движење и пад во возилото доколу возилото ненадејно го запре своето движење.

Деца до 6 годишна возраст патуваат бесплатно но задолжително придружувани од возрасно лице (над 18). Доколку патувате со деца кои не се во количка секогаш држете ги за рака.

Не се наплатува превоз на детски и инвалидски колички.
 
Во возилата не е дозволено внесување:

  • личен багаж чии димензии се поголеми од ( 100х60х25) или потешки од 30кг.
  • оружје , високо запаливи, експлозовни, отровни и други опасни материи.
  • предмети кои можат да го загрозат животот, здравјето на патниците и возачкиот персонал.
  • внесување на велосипед, влез со ролери, лизгалки, сите видови на тротинети .
 
На патниците забрането им е:

  • попречување на одговорното лице во вршење на својата работа.
  • задржување во возилото на начин кои попречува при наплата на карти и влез и излез.
  • оневозможување- отварање и затварање на вратите, како и насилно нивно отварање.
  • влегување и излегување од возилото додека е во движење.
  • фрлање на отпадоци.
  • оштетување на возилото.
  • пушење во возилото.
  • конзумирање на храна и пијалоци.
 
 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.