Моментален број на посетители:
572
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ПРАШАЊА, ОДГОВОРИ И ПОПЛАКИ
 
 
 
Добар ден , ова барање го пишувам од името ма сите ученици од СМУГС Др Панче Караѓозов Ве молиме ако може автобуот 22А да го има ПОЧЕСТО , И ДА ПРИСТИГНУВА НА ВРЕМЕ (точното време кое ви е напишано на ВОЗЕН РЕД ПО ПОСТОЈКА) А НЕ СЕКОГАШ 5 МИНУТИ ПОРАНО!
 
Добар ден. За измена во возниот ред, почести автобуси, обратете се до Сектор за сообраќај при Град Скопје, таму се директно одговорни за тоа прашање.
 
 
Добро утро,Врска вашато известување Известување Од денеска, петок (28.02.2020 год), линија 61 беше скратена поради градежни работи во село Кучевиште Почетно- крајна постојка беше рудник Бањани. Но поради временските улови градежните работи се прекинати. Денес, петок од 14:00 часот, сабота и недела линијата ќе се сообраќа до крај до Побожје. Од понеделник повторно се планирани градежни активности и ваквиот режим ќе важи се до завршување на градежните активности (односно линијата да биде скратена до Рудник Бањани). Ве молам да ми дадете одговор ккако е организирано за лугето коишто живеат во село Кучевиште да се движат до Скопје односно како овие жители ќе се движат до автобуската станица рудник Бањани.
 
Добар ден. Јавниот сообраќај во одредени ситуации, како посочената, се реализира во согласност со условите на терен. Во конкретниов случај, линијата 61 е скратена по барање на Општина Чучер Сандево.
 
 
Добар ден до кога автобусите со број 61 ќе одат до каменоломот. Зошто денес да не одат до крајната дестинација кога мајстори не работат на патот. Ние не сме должни да одиме пеш по дождот затоа што автобусите кога се исклучува од линија ги тераат дома и како тогаш може да одат а сега не. И зошто не пуштите два автобуси да одат по патот од Кучевачка бара до побожје а два до каменоломот.Поздрав.
 
Добар ден. Линијата 61 е скратена по барање на Општина Чучер Сандево, ве молиме обратете се таму.
 
 
Дали по плаќањето на казната од 1000 денари за немање слободен билет во банка, треба да се направи било што дополнително со цел подмирување на долгот и неподнесување на прекршочна пријава?
 
Добар ден. Нема потреба, доволна е уплатата во банка, која се евидентира кај нас преку систем.
 
 
Кога ќе бидат поставени автобуски постојки каде нема бидејки и лето и зима не можеме да се заштитиме од природните појави? Бидете солидарна и одговорна компанија и ние граѓаните на Скопје ќе ви сме благодарни.
 
Добар ден. Во скоро време нема да се поставуваат нови стојалишта (урбана опрема/настрешници) имајќи го во предвид планираниот нов концепт на јавен превоз, кој меѓудругото подразбира и неопходно усогласување на постоечките автобуски стојалишта со планираните нови чија потреба ќе се појави со воведување на нови линии, односно новите траси, измена на постоечките и слично. Согласно последните анализи на терен, постојки недостасуваат на 16 автобуски стојалишта, на нив или воопшто нема настрешници или има од стариот тип. Во случајов, станува збор за локации на кои се наоѓаат времени објекти кои треба да се регулираат од страна на општинските служби, односно предметните општини да обезбедат услови на терен како би се поставила соодветната урбана опрема. На дел од стојалиштата на кои нема никаков тип урбана опрема, постојат нерасчистени имотно-правни односи, па од тие причини не биле усогласени со соодветниот проект за поставување на урбаната опрема. Инаку, пред три години заврши реализацијата на проектот за нови автобуски стојалишта при што уредени беа вкупно 277 автобуски стојалишта на кои се постави нова урбана опрема (три типа настрешници: единечни, двојни, носач ).
 
 
Denes vi pisav poplaka nekolku pati, zosto ne gi objavuvate istite I ne davate odgovor?
 
Добар ден. Сите поплаки, пријави, прашања и слично се објавуваат, со исклучок на оние со навредлива содржина. Што се однесува до времето на нивна објава, ви укажуваме дека истите се објавуваат во зависност од времето потребно да се обезбеди повратен одговор, односно бараната информација и слично. Ви благодариме на разбирањето.
 
 
Имам едно прашање имам купено картичка скопска и дали може да и ставам месечен билет од 1400 денари на катичката скопска или треба да извадам нова и која е процедурата и цената поздрав.
 
Добар ден. Месечен билет може да ставите исклучиво доколку станува збор за персонализирана „Скопска“, на неперсонализирана не може. Месечниот билет може да се стави/надополни во било која билетарница на ЈСП Скопје или во некој од субјектите на секундарната продажна мрежа.
 
 
Денес се возев во 41 и пошо не ја носев студентската картичка ја заборавив дома добив казна од 1000. Можам некако да поднесам жалба?
 
Добар ден. За случајот може да се информирате кај раководител на линиска контрола на 072-305-987 или во Одделение за контрола на билети на 3174-264, локал 146 и 147.
 
 
Не сакам да поставам прашање туку еден АПЕЛ !!!!! Во автобусите има крадци. Пред половина час крадецот влезе во 2ка на бит пазар , веќе 1-2 години го гледам како краде низ автобусите и имам разговарано во полиција и ми рекоа дека со врски во судовите биле пуштани на слобода.Прееска на телефонот напишав дека во автобусот е и носи капа и наочари и телефонот им го покажував на луѓето и ми се заблагодаруваа и го видоа кој е.Ако сте за СОРАБОТКА јас лично ќе го сликам и ќе изналепам слики од него во автобусите за сите да дознаат кој е !!!!!!!!!!!!!
 
Добар ден. ЈСП Скопје нема ингеренции во случајов, обратете се во МВР. Ви благодариме на разбирањето.
 
 
Почитувани, линијата со број 4 што тргнува во 07.30 миниту со број на кола 1164 од населба Хром, вчера и денес вози многу споро и ги фаќа намерно сите семафори на црвено. Верувам дека на никој од рано наутро не му се работи, но како што можам јас така може и господинот шофер да си ја врши работата соодветно. Поради тоа доцнам на работа, не е коректно, доколу се возам со линијата која е порано од таа треба да чекам 30 миниту надвор. Би Ве замолила за поажурност и флексибилност во сообраќајот Со почит. Марија од Хром
 
Добар ден. Случајот ќе биде проследен до соодветната служба. Ви благодариме на укажувањето.
 
 
12345678910...
 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.