Моментален број на посетители:
560
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Јавен оглас за куќарка на Водно
01 јули 2022
 

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА ЕДНА ДРВЕНА КУЌАРКА НА СРЕДНО ВОДНО                                                                  

                                ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ

 

NDËRMARRJA QARKULLUESE PUBLIKE SHKUP        

 

Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП „Скопје“ - Скопје,  (во текстот: ЈСП - Скопје) - Комисија за спроведување на постапка за прибирање понуди (во текстот: Комисија), објавува:

 

О Г Л А С  бр. 01/2022

за изнајмување под закуп на една (1) дрвена куќарка на локација Жичница - Средно Водно во близина на среден паркинг

1.Предмет на огласот

Предмет на Огласот е прибирање на писмени понуди која завршува со усно јавно наддавање од правни лица за изнајмување под закуп на една (1) дрвена куќарка која се наоѓа на локација Жичница – Средно Водно во близина на среден паркинг.

1.1. Куќарка бр. 4 со површина од 7.84 м2

2.Право на учество

Право на учество имаат сите заинтересирани домашни правни лица (Понудувачи), кои ги исполнуваат Условите за учество наведени во точка 3 од овој оглас.

3.Услови за учество

Заинтересираните правни лица (Понудувачи) треба да поднесат Пријава за учество во писмена форма (затворен плик) со следна содржина и прилог документи за докажување на лична и професионална способност:

- Пополнет образец на Понуда објавен на web страната на ЈСП - Скопје;

- Да се регистрирани за обавување на дејности согласно Условите за                 изнајмување наведени во точка 4., се докажува со прилог Потврда за регистрирана дејност издадена од Централен регистар на РСМ, не постара од 30 дена во оригинал;

- Тековна состојба издадена од Централен регистер на РСМ, не постара од 30 дена во оригинал;

- Уверение за платени даноци и придонеси издадено од Управа за јавни приходи, не постаро од 30 дена во оригинал;

- Доказ за извршена уплата на паричен депозит за учество на огласот во оригинал;

- Заинтересираните правни лица (Понудувачи)  да немаат отворен долг кон ЈСП „СКОПЈЕ – Скопје.

Право на учество на јавниот оглас немаат правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации.

Пријавите кои не ги содржат сите наведени елементи ќе се сметаат за нецелосни и како такви ќе бидат отфрлени од понатамошна евалуација во предметната постапката.

4. Услови за изнајмување

Објектот кој е предмет на изнајмување под закуп може да биде употребуван исклучиво за угостителски услуги (продажба на пијалоци и/или храна) и/или за продажба на сувенири и друг материјал со цел туристичка промоција на Град Скопје и РСМ.

Понудувачот кој ќе биде избран за најповолен понудувач и со кој ќе биде склучен Договор за закуп, се обврзува предметниот објекот да го употребува строго наменски за дејности наведени во претходниот став.

Понудувачот предметните објекти ги зема под закуп во постоечка состојба и како такви треба да ги врати по истекот на Договорот за закуп, а сите евентуални трошоци за санација и адаптација ќе бидат на негов трошок.

Доколу Понудувачот не се придржува кон сите наведени Услови за изнајмување, ЈСП - Скопје го задржува правото за еднострано раскинување на предметниот Договор за закуп.

5.Месечна закупнина

Најмала понудена месечна закупнина може да изнесува 8.000,00 денари (осум илјади) денари за една куќарка без пресметан ДДВ.

6.Времетраење на закупот

Закупот на предметот од точка 1 на овој оглас е на временски период од три (3) години.

7.Начин на плаќање

Избраниот најповолен Понудувач, понудената цена на јавниот оглас ќе му ја плаќа на ЈСП - Скопје секој месец како месечна закупнина за целото времетраење на Договорот за закуп согласно точка 6., со посебна должност износот на месечната закупнина да го плаќа најдоцна до 15-ти ден во тековниот месец.

Покрај месечната закупнина од став 1 на оваа точка, избраниот најповолен Понудувач е должен да плаќа и месечни трошоци за потрошена електрична енергија, трошоци за греење, трошоци за вода и ѓубретарина, телефон и други комунални трошоци кои ќе произлезат од користењето на предметот на овој оглас, како и надоместок за осигурување на куќарката согласно фактот дека избраниот Понудувач има посебна обврска да го осигура предметот на овој оглас од пожар, поплава, провала и други опасности, во рок од 7 дена по склучување на предметниот Договор за закуп.

Доколку избраниот најповолен понудувач не ги почитува горенаведените услови, ЈСП Скопје го задржува правото да го раскине договорот за закуп со доставување на изјава за раскинување на договор и да го активира депозитот за квалитетно исполнување на обврските од договорот.

8.Депозит за учество

Депозитот за учество на огласот изнесува 8.000,00 (осум илјади) денари.

Уплатата на депозитот за учество на огласот се врши вирмански на сметката на ЈСП - Скопје, бр. 300000000232933 во Комерцијална банка АД Скопје со цел на дознака (депозит за Оглас бр.01/2022).

Уплатата на депозитот за учество треба да се изврши најдоцна до крајниот рок за поднесување на пријави.

Депозитот за учество се враќа во целост на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на завршување на огласот, освен на понудувачот кој е избран за најповолен понудувач, на кого уплатениот депозит му се враќа по склучувањето на Договорот за закуп со кој прецизно се уредуваат односите во врска со предметот од точка 1. Доколку најповолниот понудувач одбие да склучи Договор за закуп, депозитот ќе биде задржан.

8. Гаранција за квалитетно исполнување на обврските од договорот

Услов за потпишување договор со избраниот најповолен понудувач е уплаќање на гаранција во вид на депозит во висина од 300 (тристотини) евра (во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ), од страна на избраниот најповолен понудувач на сметка на ЈСП - Скопје, бр. 300000000232933 во Комерцијална банка АД Скопје.

Депозитот како гаранција ќе биде со важност за целото времетраење на договорот. Во случај на неисполнување на некоја од обврските од договорот, закуподавачот ќе го извести закупецот дека ќе пристапи кон наплата на депозитот.

Доколку договорот е целосно реализиран согласно договореното, депозитот како гаранција се враќа на закупецот во рок од 15 дена по истекот на договорот.

9. Рокови

Пријавите за учество на огласот во затворен плик со назнака за „Оглас за изнајмување под закуп на една (1) дрвена куќарка на локација Жичница - Средно Водно во близина на среден паркинг“ може да се достават до ЈСП - Скопје, по пошта со препорачана пратка на адреса булевар „Александар Македонски“ бр. 10, 1000 Скопје или директно во архивата на ЈСП - Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите за учество на огласот заедно со бараната документација е до 08.07.2022 год. до 11:00 часот.

Отворањето на пријавите за учество ќе се врши јавно во просториите на ЈСП Скопје на ден 08.07.2022 година со почеток во 12:00 часот.

10. Начин на постапка и спроведување на јавното наддавање

Комисијата на денот на отворањето ги отвора пристигнатите пријави за учество согласно редоследот на пристигнување во архивата на ЈСП Скопје, за што составува Записник од отворањето на пријавите за учество.

Комисијата во рок од три (3) дена од денот на јавното отворање, по електронски пат ги известува подносителите на пријавите за учество за комплетноста и соодветноста на пријавата согласно условите од јавниот оглас, при што понудувачите кои доставиле комплетна и соодветна пријава, ги поканува да учествуваат на усно јавно наддавање, а на понудувачите кои доставиле некомплетна или несоодветна пријава им доставува известување дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.

Усното јавно наддавање ќе се одржи во просториите на ЈСП Скопје во време и датум утврдено во е-поштата.

Секој понудувач на денот на усното јавно наддавање треба да поднесе документ за лична идентификација или полномошно потпишано и заверено од страна на Управителот на друштвото, во спротивно ќе биде спречен да учествува  на усното јавно наддавање.

Усното јавно наддавање започнува со објавување на добиената највисока цена (месечна закупнина) од доставените пријави за учество за предметниот оглас.

Наддавањето се врши „чекорно“ со зголемување на вредноста со секој чекор за 1% од почетната цена (месечна закупнина) за објектот кој е предмет на изнајмување под закуп.

Учесникот на наддавањето кој понудил највисока цена (месечна закупнина) се стекнува со статус најповолен понудувач.

Напомена:

-        Доколку е доставена една пријава за учество, усно јавно наддавање нема да се одржи, првичната понуда ќе се смета за конечна.

-         Доколку и по одржаното јавно наддаавање не се добие износ (месечна закупнина) иста или над минималниот износ предвиден во точка 5. од овој оглас, Комисијата за спроведување на постапката нема да донесе Одлука за избор на најповолен понудувач и огласот ќе го поништи.

Незадоволните Понудувачи можат да поднесат приговор до Комисијата за спроведување на постапката во рок од три (3) дена од денот на добивањето на одлука за избор на најповолен Понудувач.

По приговорот на Понудувачот, Комисијата за спроведување на постапката е должна да одлучи во рок од три (3) дена од денот на приемот на приговорот. Одлуката на Комисијата е конечна.

11. Завршни одредби

- ЈСП - Скопје и најповолниот понудувач во рок од седум (7) дена по завршувањето на постапката ќе склучат Договор за закуп - во кој прецизно ќе ги уредат односите во врска со предметот Оглас.

- Овој оглас ќе биде објавен во средствата за јавно информирање – дневните весници и на web страната на ЈСП - Скопје, www.jsp.com.mk

- Лице за контакт за заинтересираните странки е Александар Дракулевски тел.070-249-602 , email: aleksandar.drakulevski@jsp.com.mk

 

 ПРЕЗЕМИ ОБРАЗЕЦ ПОНУДА

 

Скопје, 1.07.2022 година

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.