Моментален број на посетители:
534
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Оглас за продажба на отпадни материјали
24 август 2022
 

Оглас за продажба на отпадни материјали

                                                                  

ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ

NDËRMARRJA QARKULLUESE PUBLIKE SHKUP

Бул. „Александар Македонски“ бр. 10, 1000 Скопје, Тел. : 02/3174-264, www.jsp.com.mk

 

 

Јавен оглас бр. 02/2022

за продажба и откуп на отпадни материјали со прибирање на понуди со јавно      отварање

 

1. Предмет на продажба се следните отпадни материјали:

1.1 Електронски отпад (компјутери, печатачи, монитори, тастатури, фотокопир апарати и други електронски уреди)

 

2.1. Отпадни акумулатори

 

2. Предмет на откуп од страна на овластен постапувач  - отпадни гуми со понудување на најниска откупна цена

 

3. Понудата е деллива по видови на отпадни материјали, наведени во точката 1

 

Придружни документи со понудата:

- Извод од регистрација на дејност од Централен регистар,

- Документ за бонитет од Централен регистар,

- Потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки,

- Доказ од судска евиденција, дека не е отворена стечајна постапка или ликвидација,

- Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена мерка за безбедност - забрана за вршење на дејност, должност или професија

 

- Дозволи издадени од Министерството за животна средина  и просторно планирање и тоа:

- Потврда за регистрација на самостоен постапувач со отпадни батерии и акумулатори (точка 4),

- Дозвола за превоз, собирање и транспортирање на опасен отпад и да има регистрирана дозвола за складирање на електричен и електронски отпад временски валидна

- Дозвола за вршење на дејност складирање и третман на отпад за точка 5 (метал, пластика, дрво, хартија, гума и друго)

 

Придружните документи  не смеат да бидат постари од 6 месеци, освен документот од алинеја 1 и треба да се достават во оригинален примерок или копија заверена од овластено лице.

 

Заинтересираните правни и физички лица писмените понуди, потпишани од одговорното лице на понудувачот, во затворен коверт без никакви ознаки со кои би се идентификувал понудувачот, можат да ги достават до 02.09.2022 год до 11 часот во архивата на претпријатието лично или препорачано по пошта, на адреса: Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Комисија за спроведување на јавен оглас, булевар „Александар Македонски“ бр.10 - Скопје, со назнака во левиот горен дел ,,Не отварај и наведување на бројот на јавниот оглас“.

 

4. Продажбата ќе се врши со доставување на затворени писмени понуди, со  јавно отварање на ден 02.09.2022 год во 11 часот.

 

5. Критериум за вреднување на понудите е цената со вкалкулиран ДДВ.

 

6. Важи за точка 2 (отпадни гуми): Критериум е најниска откупна цена што ЈСП Скопје ќе ја плати за изнесување (преземањето и мерењето со кантарски белешки на гумите е од автобазите на трошок на понудувачот).

 

 

 

Скопје, 24.08.2022 год                                                                                  В.Д. Директор

   Александар Стојковски

 

 

 

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.