Моментален број на посетители:
2347
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Бесплатен превоз - студенти
30 јуни 2014
 

Во пресрет на поектот на Влада на Република Македонија - Слободен четврток за сите студенти ЈАВНОТО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ -  СКОПЈЕ  ги  повикува сите студенти да го подигнат својот билет како би го оствариле правото на бесплатен јавен превоз  и жичница „Милениумски Крст“ во четврток.

Потребни документи:

-  студентите кои се запишани на редовни студии се докажува со:

1.       Барање за издавање на ученичко/стидентски претплатен билет (Образец бр.2 ЈСП- истото може да се најде на продажните места на ЈСП СКОПЈЕ или на www.jsp.com.mk), заверено од Факултетот на кој е запишан студентот.

2.       Една фотографија, во прилог на Барањето (Образец бр.2 ЈСП), заверена согласно упатството од образецот.

 

-  студентите кои се запишани на вонредни студии се докажува со:

 

1.        Барање за издавање на ученичко/стидентски претплатен билет (Образец бр.2 ЈСП- истото  може да се најде на продажните места на ЈСП СКОПЈЕ или на www.jsp.com.mk), заверено од Факултетот на кој е запишан студентот.

2.       Една  фотографија, во прилог на Барањето (Образец бр.2 ЈСП), заверена согласно упатството од образецот.

3.      Проверка за студентот дали е во работен однос се врши директно во билетарите на ЈСП СКОПЈЕ и тоа:

                 1. Билетара Карпош 2 - Спроти Хотел Карпош,

                 2. Билетара Автокоманда - Кај Шумарски Факултет и  

                 3. Дирекција ЈСП Автокоманда - Продажна служба

 

 

 

 

Потребните документи врз основа на студискиот статус се приложуваат во продажните места  на ЈСП СКОПЈЕ и на студентот му се издава билет за користење на поволноста превоз и жичница „Милениумски Крст“ на студенти еден ден во неделата (четврток).

                  Превземете го барањето од следниот линк: Барање

                                                                                                                                                                 ЈСП СКОПЈЕ

                                                                                                                                                            www.jsp.com.mk

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.