Моментален број на посетители:
575
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Почеток на системот со Електронски Картички
01 август 2015
 
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈСП, Игор Јанушев во текот на вчерашниот ден (01.08.2015 година сабота) ги посетија просториите на ЈСП Турс во која е сместена една од 8 канцеларии каде граѓаните ќе можат да набават електронски картички за користење во јавниот превоз во Скопје.
 
 
 
- "Со ова официјално го започнуваме процесот на издавање на електронските картички кои граѓаните ќе можат да ги набават на посебните инфо центри на ЈСП. Паралелно со издавањето на овие картички, пробно започнува и новиот систем за наплата во автобусите на ЈСП, каде до 31.12.2015 година паралелно ќе функционираат и новиот и стариот систем за наплата. Сметаме дека со овие новитети значително ќе се подобри функционирањето на системот за јавен превоз во Скопје, истиот ќе биде многу подобро организиран, ќе се зголеми брзината и квалитетот на градскиот превоз." изјави Трајановски.
 
Директорот на ЈСП-Скопје Јанушев, изјави дека процесот на вадење на електронските персонализирани картички „Моја скопска“ е доста брз и истиот не трае повеќе од 2 минути.
 
 
 
- "Целата процедура трае една или две минути. Многу брзо, на местото се фотографира барателот на картичката и таа се изработува веднаш потоа. Ќе има осум локации во Скопје, а шест почнуваат да функционираат од вторник. Останатите две се доработуваат и за неколку дена ќе бидат отворени. Со новиот систем за електронска наплата имаме два вида на картички, каде едната е персонализирана (Моја скопска) и може да биде користена само од страна на еден корисник и пренослива картичка без фотографија (Скопска). На овие 8 локации граѓаните ќе можат да извадат “Персонализирана” картичка, која во однос на неперсонализираната картичката (Скопска), има повеќе предности, како што е можноста за користење на месечни билети, со истата се овозможува контрола на трансакциите преку WEB апликација, а доколку истата се изгуби или оштети, постои можност за префрлување на средствата на нова картичка додека старата се блокира. Дополнително ќе бидат поставени и самостојни автомати на 3 локации, и тоа Рекорд, Транспортен центар и Бит пазар каде што граѓаните ќе можат да ги надополнуваат електронските картички со средства. За да се реализира успешно овој систем патниците треба навремено да ги набавуваат електронските картички, па затоа апелирам сите корисници на јавниот превоз навреме да ги набават електронските картички кои сакаат да ги користат, изјави Јанушев.
 
 

Повеќе информации граѓаните за системот на електронска наплата во ЈСП и начинот на функционирање на новите картички можат да добијат на фејсбук и интернет порталот www.skopska.mk , како и на бесплатната телефонска линија 0 800 15 115. 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.