Моментален број на посетители:
513
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Отворен повик за деловна соработка
28 мај 2018
 

             ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА

 

Бр. ЈСП-Д-1/2018

 

            Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје објавува повик за деловна соработка со правни лица за извршување на секундарна дистрибуција - продажба на неперсонализирани картички и надополнување на сите видови картички за Ticketing системот во линиски превоз на патници во Град Скопје.

 

            Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје на сите заинтересирани правни субјекти, кои ќе ги исполнат бараните услови и со кои ќе склучи договор за деловна соработка, како надомест за извршената продажба на услугите на ЈСП - Скопје, ќе има дава фиксна провизија во износ од 3% без вклучен ДДВ, од вредноста на извршени продажби на услуги на ЈСП - Скопје.

 

УСЛОВИ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА

 

            За склучување на Договор за деловна соработка со ЈСП - Скопје заинтересираните правни лица е потребно да ги исполнуваат следните општи, технички и просторни услови :

 

-           да се запишани во Централен регистар на РМ за вршење на дејност ;

-           во последни 6 (шест) месеци да имаат позитивно финансиско работење ;

-           да имаат правно регулиран начин на користење на деловен простор во кој ќе

            ја обавуваат предметната дејност (имотен лист или договор за закуп) ;

-           да ги имаат платено сите даноци, придонеси и други јавни давачки ;

-           да не се во постапка на стечај или ликвидација ;

-           со правосилна пресуда да не му е изречена мерка на безбедност забрана за

            вршење на дејност ;

-           да поседуваат сопствен фискален апарат преку кој ќе се регистрира промет на

            предметна продажба на услуги ;

-           во деловниот простор во кој ќе ја обавува предметната дејност да обезбеди

            приклучок за електрична енеригија 220V/50Hz и простор за поставување на

            терминал преку кој ќе се врши предметната продажба на услуги ;

-           да обезбеди простор на видливо место за поставување на ознака дека на

            продажното место се врши продажба на услугите на ЈСП - Скопје ;

 

            Сите заитересирани правни субјекти наведените услови ќе ги докажуваат со потпишување на Изјава, а по барање на ЈСП - Скопје, во случај на потреба истите ќе треба да ги докажуваат со потврди издадени од надлежни институции.

 

            Правните лица кои се заинтересирани за вршење на продажба на неперсонализирани картички и надополнување на сите видови картички за Ticketing системот во линиски превоз на патници во Град Скопје, треба да ги достават следните документи во архива на ЈСП - Скопје, на адреса Бул. Александар Македонски бр. 10, 1000 Скопје. :

 

-           пополнета Пријава со бараните податоци, задолжително наведени

            телефон и е-маил адреса за контакт и опис на местоположба на локацијата на

            која ќе се врши предметната дејност ;

-           тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 15 дена ;

-           потпишана Изјава од одговорно лице дека ги исполнуваат сите наведени општи,

            технички и просторни услови ;

-           потпишан модел на Договор за деловна соработка ;

 

 

            Наведените документи потребни за Пријава може да се подигнат во просториите на ЈСП - Скопје, Бул. Александар Македонски бр. 10, 1000 Скопје, во Одделение за продажба, преку лицето Ленче Ѓоргиевска. Документите можат да се преземат и од веб страната на претпријатието.

 

             НАПОМЕНА: ЈСП - Скопје го задржува правото еднострано да го раските договорот, доколку месечниот промет на предметните услуги на ЈСП - Скопје е под 100.000,00 денари.

 

                                               

                                                                                                                       ЈСП „Скопје“- Скопје

                                                                                   

                                                                                                                              Директор

 

   Кристијан Чушков

 

 Превземи Пријава-Изјава

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.