Моментален број на посетители:
2022
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС
14 јуни 2018
 

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС-Врз основа на чле 30, 48, 49 и 50 од Законот за административни службеници, Правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-1445/4 од 11.11.2015 година, Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-1670/3-1 од 30.12.2015, Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-713/5-1 од 27.04.2016 година, Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-1250/3 од 20.07.2016 година и Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-111/6-1 од 29.01.2018 година, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, објавува:

                                               

           

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2018

                                    за пополнување на работно место со унапредување

 

 

  1. Самостоен референт на платен промет, со шифра КДР0102Г01031, 1 (еден) извршител со исполнување на следните посебни услови:

-       ниво на квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонска рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, економска струка.

-       работно искуство, и тоа најмалку три години работно искуство во струката;

-       Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);

-       Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

  1. Самостоен референт сметководител, со шифра КДР0102Г01001, 1 (еден) извршител со исполнување на следните посебни услови:

 

-       ниво на квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонска рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, економска струка.

-       работно искуство, и тоа најмалку три години работно искуство во струката;

-       Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);

-       Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

  1. Помлад соработник - сметководител со шифра КДР0102В04004, 1 (еден ) извршител со исполнување на следните посебни услови:

-       ниво на квалификации VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завшен VII/1 степен економски науки.

-       работно искуство, и тоа: со или без работно искуство во струката;

-       Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-       Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

  1. Советник за финансии со шифра КДР0102В01093, 1 (еден ) извршител со исполнување на следните посебни услови:

-       ниво на квалификации VI А според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завшен VII/1 степен економски науки.

-       работно искуство, и тоа: најмалку три години работно искуство во струката;

-       Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-       Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

  1. Советник во одделение за планирање и спроведување на постапка за јавни набавки, со шифра КДР0102В01067, 1 (еден ) извршител со исполнување на следните посебни услови:

-       ниво на квалификации VI А според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завшен VII/1 степен правни науки, економски науки или организациони науки и управување (менаџмент).

-       работно искуство, и тоа: најмалку три години работно искуство во струката;

-       Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-       Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

  1. Раководител на сектор за подршка на директорот КДР0102Б02036, 1 (еден ) извршител со исполнување на следните посебни услови:

-       ниво на квалификации VI А според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завшен VII/1 степен правни науки, економски науки или организациони науки и управување (менаџмент).

-       работно искуство, и тоа: најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватниот сектор;

-       Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-       Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

Покрај горенаведените посебни услови, предвидени со Правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-1445/4 од 11.11.2015 година, Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-1670/3-1 од 30.12.2015, Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-713/5-1 од 27.04.2016 година, Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-1250/3 од 20.07.2016 година и Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-111/6-1 од 29.01.2018 година, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на работници согласно Законот за работните односи.

            Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните општи услови:

-       да е државјанин на Република Македонија;

-       активно да го користи македонскиот јазик;

-       да е полнолетен;

-       да има општа здравствена способност за работното место и

-       со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност и должност.

 

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-1445/4 од 11.11.2015 година, Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-1670/3-1 од 30.12.2015, Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-713/5-1 од 27.04.2016 година, Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-1250/3 од 20.07.2016 година и Правилникот за изменување на правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-111/6-1 од 29.01.2018 година, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

-       да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување;

-       да е на работно место непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;

-       да поминал најмалку две години на тековното работно место и

-       да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас.

 

Кандидатите кон пријавата покрај доказита за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:

-       потврда за успешно реализирани обуки и/или

-       потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

Пополнетата пријава и доказите за податоците содржани во пријавата кандидатите треба да ја поднесат во писмена форма преку Архивата на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Работното време е распоредено во една смена и трае 8 часа дневно

Дневното работно време е од 07:30/08:30 часот до 15:30/16:30 часот.

Неделно работно време: 40 (четириесет) часа.

Паричниот износ на основната плата за секое поединечно работно место изнесува:

1.       Самостоен референт на платен промет        -           20.003,00 денари;

 

2.      Самостоен референт сметководител             -           20.003,00 денари;

 

3.      Помлад соработник – сметководител           -           23.934,00 денари;

 

4.      Советник за финансии                                       -           26.993,00 денари;

 

5.       Советник за планирање и спроведување     -           26.993,00 денари;

на постапка за јавни набавки                         

 

6.      Раководител на сектор за подршка                -           40.798,00 денари

на директорот                                                       

 

 

            Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување.

 

НАПОМЕНА:  Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалифукуван од натамошна постапка на овој оглас.

 

 

 

 

                                                                                                                      ЈСП СКОПЈЕ

                                                                                                                    ДИРЕКТОР

 

                                                                                                         _____________________

                                                                                                            Кристијан Чушков

 

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.