ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ - Врз основа на член 52 од Законот на административни службеници, член 10 од Колективниот договор на Јавното сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ, во врска со интерниот оглас бр. 01/2018 од 14.06.2018 година, Директорот на претпријатието на ден 29.06.2018 година донесе:
О Д Л У К А
За избор на кандидат
1. Согласно интерниот оглас за унапредување објавен на ден 14.06.2018 година на веб страната на ЈСП СКОПЈЕ и веб страната на Агенцијата за администрација за работното место Помлад Соработник - сметководител, Одделение за сметководство, Сектор за финансиско работење – се избира кандидатот:
Лилјана Петковска
2. Составен дел на Одлуката се записниците бр. 03-975/4 и 03-975/5 од 26.06.2018 година.
3. Одлуката да се достави до кандидатите за унапредување и да се објави на веб страница на ЈСП Скопје.
Правна поука:
Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право во рок од 8 (осум) дена да поднесе жалба до комисијата во Агенција за администрација.
ЈСП СКОПЈЕ
Директор
__________________
Кристијан Чушков