ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ-Врз основа на член 52 од Законот на административни службеници, член 10 од Колективниот договор на Јавното сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ, во врска со интерниот оглас бр. 02/2018 од 23.07.2018 година, Директорот на претпријатието на ден 03.08.2018 година донесе:
О Д Л У К А
За избор на кандидат
1. Согласно интерниот оглас за унапредување објавен на ден 23.07.2018 година на веб страната на ЈСП СКОПЈЕ и веб страната на Агенцијата за администрација за работното место Самостоен референт - сметководител, Одделение за сметководство, Сектор за финансиско работење – се избира кандидатот:
Марина Аврамовска Филиповска
2. Составен дел на Одлуката се записниците бр. 02-1194/3 и 02-1194/4 од 03.08.2018 година.
3. Одлуката да се достави до кандидатите за унапредување и да се објави на веб страница на ЈСП Скопје.
Правна поука:
Против оваа Одлука незадоволниот кандидат има право во рок од 8 (осум) дена да поднесе жалба до комисијата во Агенција за администрација.
ЈСП СКОПЈЕ
Директор
__________________
Кристијан Чушков