Моментален број на посетители:
510
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Оглас
01 ноември 2019
 

  ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи, член 31 став 1 алинеја 14 од Статуот на ЈСП СКОПЈЕ, член 11 од Колективниот Договор на ЈСП СКОПЈЕ и Правилникот за систематизација на работни места на ЈСП СКОПЈЕ, Директорот на 01.11.2019 година објавува:

 

 

ЈАВЕН ОГЛАС

ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

 

 

I.        Јавното сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ објавува оглас за засновање на работен однос на неопределено време за  работните места:

 

107.  КДР0401А02021 Бравар, Оддел за електромашинско одржување, Одделение за ремонт и одржување – Сектор автобаза Автокоманда  - 1 извршител.

 

·         Општи услови:

-          да е државјанин на Република Северна Македонија;

-          активно да го користи македонскиот јазик;

-          да е полнолетен;

-          да има општа здравствена способност за работното место и

-          со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

 

·         Посебни услови:

-          Најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦВЕТ или тригодишно средно образование – бравар, бравар заварувач или каросериски механичар.

 

·         Потребно работно искуство:

-          Со или без работно искуство

 

·         Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работно време.

Само прва смена

-          Од 07,00 до 15,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела,

-          Од 07,00 до 14,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 7 часа во шестдневна работна недела.

Во турнус за време на грејан сезона

-          Прва смена од 06,00 до 14,00 часот (пауза од 09,00 до 10,00 часот);

-          Втора смена од 14,00 до 22,00 часот (пауза од 16,30 до 17,00 часот);

-          Трета смена од 22,00 до 06,00 часот односно до 05,00 часот во зависност од распоредот на вработените, а пауза се користи од 00,30 до 01,00 часот.

 

·         Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 17.990,00 денари

 

 

153. КДР0401А01037 Бравар специјалист, Оддел за браварско и лимарско одржување, Одделение за ремонт и одржување – Сектор автобаза Ѓорче Петров  - 1 извршител.

 

·         Општи услови:

-          да е државјанин на Република Северна Македонија;

-          активно да го користи македонскиот јазик;

-          да е полнолетен;

-          да има општа здравствена способност за работното место и

-          со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

 

·         Посебни услови:

-          Најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование, бравар-специјалист или  автолимар-специјалист

 

·         Потребно работно искуство:.

-          Најмалку  3 години работно искуство

 

·         Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работно време.

Само прва смена

-          Од 07,00 до 15,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела,

-          Од 07,00 до 14,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 7 часа во шестдневна работна недела.

Прва и втора смена

-          Прва смена од 06,00 до 14,00 часот (пауза од 09,00 до 10,00 часот) со дневно работно време од 8 часа во четиридневна работна недела и

-          Втора смена од 14,00 до 22,00 часот (пауза од 16,30 до 17,00 часот) со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела;

 

·         Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 21.493,00 денари

 

·         Со пријавите по огласот кандидатите треба да достават:

-          Кратка биографија (CV)

-          Уверение за државјанството (копија)

-          Диплома за завшено образование  (копија заверена на нотар)

 

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 година се:  2 Македонец(ка) .

 

II.      Времетраењето на јавниот оглас е 5 работни дена од денот на објавувањето на  огласот.

 

III.   Изборот ке се изврши во рок од 45 дена од истекот на  рокот на пријавувањето.

 

IV.    Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат во предвид при разгледувањето.

 

V.      Пријавите со бараната документација да се достават во архивата на ЈСП СКОПЈЕ на Булевар Александар Македонски бр.10 Скопје контакт телефон  Одделение за управување со човечки ресурси 02/ 3 174 264 локал  106 и  02/ 3 173 656.                                                                                                                                                                                                                                                                                           Превземи пријава                                           Превземи пријава1

 

 

 

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.