Моментален број на посетители:
426
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ЈАВЕН ОГЛАС
17 октомври 2020
 

 ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Врз основа на член 20-г од Законот за вработени во јавниот сектор, член 37-и од Законот за јавните претпријатија, како и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас за вработување и интерен оглас за унапредување, начинот на спроведување на селекцијата за вработување и за унапредување како и начинот на бодирањето за давателите на јавни услуги на ЈСП СКОПЈЕ, Годишниот план за вработување на ЈСП СКОПЈЕ бр. 02-910/1 од 26.08.2019 година и Одлуката за утврдување потреба од работник за засновање на работен однос на неопределено време бр. 02-856/1 од 16.10.2020 година, ЈСП СКОПЈЕ објавува:

 

Ј А В Е Н    О Г Л А С  бр. 1/2020

За вработување на даватели на јавна услуга во областа на комуналните дејности и на други дејности заради кои се основани јавните претпријатија од група III, подгрупа IV во ЈСП СКОПЈЕ за следните  работни места:

 

 

1.       343. КДР0305Б04074 Продавач на билети во Одделение за продажба – Сектор за продажба и маркетинг (10) извршители.

 

Општи услови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

 

Посебни услови:

-         Стекнато ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование.

 

Потребно работно искуство:

-         Со или без работно искуство во струката

 

Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

·        од понеделник до петок:

-         прва смена од 06,00 до 13,00 часот,

-         втора смена од 12,30 до 19,30 часот.

·        сабота:

-         прва смена од 07,00 до 13,30 часот,

-         втора смена од 13,00 до 19,30 часот.

·        Дневното работно време е 7 часа во шестдневна работна недела од понеделник до сабота со 41,5 часа.

·        Неделен одмор се користи во недела.

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 17.990,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се: Македонец(ка) 5, Албанец(ка) 2, Србин(ка) 3.

 

2.       358. КДР0305Б04076 Помлад контролор на билети во јавен превоз во Одделение за контрола на билети – Сектор за контрола (10) извршители.

 

Општи улови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

 

Посебни услови:

-         Стекнато ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование.

 

Потребно работно искуство:

-         Со или без работно искуство во струката

 

Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

·        Работното време е организирано во турнус (три смени):

-         прва смена од 05,30 до 13,30 часот,

-         втора смена од 11,30 до 19,00 часот.

-         трета смена од 16,00 до 23,30 часот.

·        Распоредот на работното време е со преклопување на смените по принципот на непрекината работна недела со 40 часовно работно време неделно. 

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 15.993,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се: Македонец(ка) 6, Турчин(ка) 1, Албанец(ка) 2. Бошњак 1.

 

3.       137. КДР0305Б01126 Оперативен инжeнер – дијагностичар во Одделение за ремонт и одржување – Сектор автобаза Ѓорче Петров (1) извршител.

 

Општи улови:

-         да е државјанин на Република Северна Македонија,

-         активно да го користи македонскиот јазик,

-         да е полнолетен,

-         да има општа здравствена способност за работното место и

-         со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

 

Посебни услови:

Стекнато ниво на квалификации VI Б  според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршено VII/1 степен – машинство или електромашинство,

Потврда за познавање на компјутерски програми,

Сертификат – потврда за познавање на странски јазик.

 

Потребно работно искуство:

-         Најмалку три години работно искуство во струката.

 

Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

·        Работното време се организира од 07,00 до 15,00 часот (пауза од 09,30 до 10,00 часот) со дневно работно време од 8 часа во петдневна работна недела.

·        Полното неделно работно време изнесува 40 часа.

·        Неделниот одмор се користи во сабота и недела. 

 

Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 25.503,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се: Македонец(ка) 1.

 

 

v НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 година се предвидени за: 12 Македонци; 4 Албанци, 1 Турчин; 3 Срби, 1 Бошњак.

 

Рокот за пријава: рок за доставување на пријава за вработување е во рок од  15 дена од денот на објавување на  огласот  на интернет страницата на претпријатието и дневните весници.

Пријавите за вработување се пополнуваат на образец изготвен од страна на инситуцијата која го објавува огласот, истите можат да се прибават од Архивата на ЈСП СКОПЈЕ и на веб страната www.jsp.com.mk и пополнети се доставуваат во Архивата на ЈСП СКОПЈЕ на адреса Бул. Александар Македонски бр.10 Скопје, контакт телефон 3174 - 264 локал 114 – Одделение за управување со човечки ресурси.

 

Со пријавите по огласот кандидатите треба да достават:

-      Уверение за државјанство (копија)

-      Диплома за завршено образование (заверена на нотар)

-         Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;                           

 

Изборот на кандидати ќе се врши на следниов начин, доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот на кандидати се врши во рок од 60 дена, од 201 до 500 кандидати од 90 дена, над 500 кандидати од 120 дена по истекот на рокот за пријавување.

 

Постапката за селекција за вработување на давателите на јавни услуги во претпријатието се состои од  две фази и тоа:

 

Фаза 1 - Административна селекција која опфаќа проверка на внесените податоци во пријавата со

условите утврдени во јавниот оглас и проверка на приложените докази во пријавата; 

Фаза 2 – Интервју

Превземи пријава1         Превземи пријава2     Превземи пријава3

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.