Моментален број на посетители:
106
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Оглас за продажба на отпад
17 февруари 2021
 

  ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА НА ОТПАДНИ МАТЕРИЈАЛИ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                     Јавен оглас бр. 01/2021

За продажба на отпадни материјали со прибирање на понуди со јавно отварање

              

 

1Предмет на продажба се следните отпадни материјали :

1.1  Железо

      * до 3мм дебелина (лим, каросерии)              

      * над 3мм дебелина (добоши, лиено железо, федер платно, блокови, менувачи, трапови)

2.1  Метални буриња 

3.1  Акумулатори 

4.1  Месинг 

5.1  Гуми 

6.1  Алуминиум 

7.1  Бакар (бакарен ладилник за вода, бакарни кабли)   

8.1 Електронски отпад (компјутери, печатачи, монитори, тастатури, фотокопир апарати и

други електронски уреди)

 

 2. Понудата е деллива по видови на отпадни материјали, наведени во точките

Со Понудата задолжително мора да се достават следните документи со кои се докажува

лична, професионална и техничка способност на понудувачот:

 

* Извод од регистрација на дејност од Централен регистар

* Потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки

* Доказ од судска евиденција, дека не е отворена стечајна постапка или ликвидација

* Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена мерка за безбедност - забрана за

вршење на дејност, должност или професија

 

* Дозволи издадени од Министерство за животна средина и просторно планирање и тоа:

 

* Дозвола за вршење на дејност складирање и третман на отпад - да има опсег со третман на

опасен отпад (за точка 3.1) 

* Дозвола за вршење на дејност собирање и транспорт на комунален и други видови на

неопасен отпад

Да располага со минимум 2 (две) наменски товарни возила (самонатоварач или вградена

дигалка) во сопственост на понудувачот или може да има изнајмување од друг субјект

Се докажува со прилог копија на сообраќајни дозволи (заверени на нотар) и прилог договор

за изнајмување за предметниот оглас

Да има минимум 7 (седум) вработени лица во фирмата понудувач

Минимум 3 (три) вработени лица да бидат со минимум 10 (десет) години работно искуство

од област на браварија и лимарија. Се докажува со листа од Агенција за вработување на

Република Северна Македонија не постара од 30 дена

Да има минимум 4 (четири) склучени договори во последните 3 (три) години (2018, 2019,

2020 година) за предметниот јавен оглас

 

Документите за исполнување на условите за учество на јавниот оглас не смеат да бидат

постари од 15 дена од денот на отварање на понудите, освен дозволите издадени од

Министрство за животна средина и просторно планирање и треба да се достават во

оригинален примерок или копија заверена од нотар.

 

Понудите кои во прилог нема да ги содржат сите барани документи со кои се докажува

лична, професионална и техничка способност на понудувачот, ќе бидат отфрлени.

 

Заинтересираните правни лица писмените понуди, потпишани од одговорното лице на

понудувачот, во затворен коверт без никакви ознаки со кои би се идентификувал понудувачот,

можат да достават до 24.02.2021 год. до 10.00 часот, во архивата на претпријатието лично

или препорачано по пошта, на адреса: Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Комисија за

спроведување на јавен оглас, булевар „Александар Македонски“ бр.10 - Скопје, со назнака во

левиот горен дел „Не отварај“ и наведување на бројот на јавниот оглас.

 

3. Продажбата ќе се врши со доставување на затворени писмени понуди, со јавно отварање

на ден 24.02.2021 година во 10.00 часот.

 

4. Критериум за вреднување на понудите е цената со пресметан ДДВ.

При вреднувањето на понудите предност ќе има понудувачот кој ќе понуди највисока цена.

Дополнителен услов е избраната фирма за двата типа отпадно железо, да ја преземе и

целата количина на отпадни гуми по соодветна цена и да приложи документ дека ќе бидат

крајно рециклирани согласно законската регулатива.

 

5. Динамиката на преземање на отпадниот материјал ќе се одвива по претходна писмена

најава од продавачот, ЈСП - СКОПЈЕ.

 

Припремата на отпадниот материјал за - сечење, утовар и превоз и мерење на количината

на отпадот паѓаат на товар на купувачот. (Се мери на кантарска вага габаритна на празен и

полн камион во печатен запис).

Транспортот на отпадниот материјал ќе го врши купувачот, на свој трошок, со сопствено

возило.

 

Плаќањето за отпаден материјал што треба да се подигне, ќе се врши авансно

пред подигање на договорената количина.

 

Договорната страна со која ќе се потпише договор за продажба на отпадот потребно е да

изврши авансно плаќање на количината на отпаден материјал пред да ја преземе од 

претпријатието, а условите ќе бидат правно вградени во договорите кои ќе бидат потпишани 

помеѓу договорниот орган и договорната страна.

  

Понудената цена за продажба на металите (железо до 3 мм и над 3 мм, лиено железо, 

федер платно, алуминиум - мек и тврд, олово, месинг, бакар - бакарен ладилник за вода

и бакарни кабли) може да биде променлива согласно промената на пазарната цена на

метали во Република Северна Македонија на денот на продажбата.

 

Понудената цена за останати отпадни материјали е фиксна, односно непроменлива. 

 

6. За избор на најповолниот понудувач, останатите понудувачи ќе бидат писмено известени, 

во рок од 7 дена од денот на извршениот избор.

  

Со најповолниот понудувач ЈСП Скопје ќе склучи договор за продажба на отпаден

материјал со времетраење од 12 месеци, со кој ќе се уредат правата и обврските на ЈСП

Скопје и на Понудувачот.

 

Сите заинтересирани понудувачи за подетални информации можат да се јават на

телефон 02/ 3174-264 локал 142, Одделение за безбедност при работа и животна средина.

 

                                                                                                                                        Директор

                                                                                                                               Кристијан Чушков       

  

 

            

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.