Врз основа на член 30, 48, 49 и 50 од Законот за административни службеници, Правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-309/8 од 15.03.2021 година објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2021
за пополнување на работно место со унапредување
- КДР0102В04010 Помлад соработник – сметководител, Одделение за сметководство – Сектор за финансиско работење 1 (еден) извршител со исполнување на следните:
v посебни услови:
- ниво на квалификации VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завшен VII/1 степен економски науки или организациони науки и управување (менаџмент).
- работно искуство, и тоа: со или без работно искуство во струката;
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
v Распоред на работно време: Работното време е распоредено во една смена и трае 8 часа дневно. Дневното работно време е од 07:30-08:30 часот до 15:30-16:30 часот. Неделно работно време: 40 (четириесет) часа.
v Паричен износ на основна нето плата: 23.934,00 денари
- КДР0102В02009 Виш соработник - сметководител, Одделение за сметководство - Сектор за финансиско работење, 1 (еден) извршител со исполнување на следните:
v посебни услови:
- ниво на квалификации VI Б според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завшен VII/1 степен економски науки или организациони науки и управување (менаџмент).
- работно искуство, и тоа: најмалку две години работно искуство во струката;
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
v Други посебни услови: Уверение за овластен сметководител
v Распоред на работно време: Работното време е распоредено во една смена и трае 8 часа дневно. Дневното работно време е од 07:30-08:30 часот до 15:30-16:30 часот. Неделно работно време: 40 (четириесет) часа.
v Паричен износ на основна нето плата: 25.503,00 денари
Ø Покрај горенаведените посебни услови, предвидени со Правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр.02-309/8 од 15.03.2021 година, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на работници согласно Законот за работните односи. Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност и должност.
Ø На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работни места во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје бр. 02-309/8 од 15.03.2021 година, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување;
- да е на работно место непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;
- да поминал најмалку две години на истото ниво
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас.
Ø Кандидатите кон пријавата покрај доказита за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:
- потврда за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство
Ø Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас.
Ø Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.
Ø Пополнетата пријава и доказите за податоците содржани во пријавата кандидатите треба да ја поднесат во писмена форма преку Архивата на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Ø Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалифукуван од натамошна постапка на овој оглас.
ПРИЈАВА за ПРЕЗЕМАЊЕ ЈСП Скопје
Директор
М-р Кристијан Чушков
|