Моментален број на посетители:
677
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
14 август 2019
 

Известување  

Од утринава, среда (14.08.2019 год) од 9 часот, поради изведување на градежни активности на булевар „Кочо Рацин“, линиите 9, 16 и 24 се пренасочени:

 

*Линија 16 во насока кон Пржино, после постојката Парк Жена борец, наместо кон постојката Зелен пазар, сообраќа кон Рекорд-Европски университет-Јордан Мијалков, па продолжува по редовната траса.
Во обратна насока, од Пржино кон Центар, возилата сообраќаат вообичаено.

 

*Линија 24 во насока кон Кисела Вода, после постојка Зелен пазар, продолжуваат по траса на линија 58, односно кон Рампа Кисела Вода, па кон Расадник и од постојка Дом на слепи кон Сопиште продолжуваат да сообраќаат вообичаено.
Во обратна насока, од Сопиште кон Центар, возилата сообраќаат вообичаено.

 

*Линија 9 од Скопје Север кон Клиничики центар, од Југодрво е пренасочена десно кон Зелен пазар, Рекорд, Европски универзитет и по редовната траса сообраќа до Клинички центар.

Во обратна насока возилата сообраќаат вообичаено.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.