Моментален број на посетители:
673
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
18 август 2019
 

Поради одвивање на градежни активности на раскрсницата од бул. „11 Октомври“ со бул. „Кочо Рацин“ возилата од јавниот градски превоз се пренасочени по алтернативни траси на движење.

Линиите 3, 5, 7, 15, 21, 22, 23, 25, 27 се  пренасочени од бул. Кузман Јосифовски Питу(Народна банка) десно по бул.Крсте П. МисирковАНУ), лево на раскрсницата кај судот по бул. Гоце Делчев и лево кај МНТ по бул. Филип Втори Македонски до парк Жена борец каде врти десно на бул.11 Октомври и на Рекорд се враќа на траса.

Во обратна насока од Рекорд оди кон Градска болница каде врти лево по бул. Филип Втори Македонски, кај Холидеј Ин врти десно по ул. Кеј 13 Ноември(Дрводекор) и право на Веро Џамбо се враќаат на редовните траси.

Линија 24 од Припор кон Тафталиџе после подвозникот врти лево на бул Св. Кирил и Методиј(од кај Рамстор), десно по бул. Св.Климент Охридски и лево на бул. Партизански одреди возилата се враќаат на траса.

Од Тафталиџе кон Припор возилата од бул. Партизански одреди вртат десно по бул. Св.Климент Охридски(од кај Европски универзитет), лево по ул. Јордан Мијалков и на ул. Антон Попов се враќаат на траса.

Линија 9 од Клинички центар кон Скопје север на раскрсницата кај Тутунски комбинат продолжува право по бул. Карпошово востание, десно по бул. „Трета македонска бригада, лево по бул. Никола Карев (Транспортен центар) каде врти лево по бул. Кузман Јосифовски Питу (Народна банка) и десно кај МАНУ се враќа на траса.

Од Скопје север кон Клинички центар од Бит пазар врти десно по бул. Гоце Делчев, кај МНТ лево по бул. Филип Втори Македонски и кај парк Жена борец врти десно на бул. 11 Октомвриниз центар од кај Европски универзитет кон Клинички центар.

Линиите 31, 41, 67, 74, 51, 70, 58, 80  во правец кон Транспортен центар кај Тутунски комбинат вртат десно по ул. Карпошово востание, десно по бул. „Трета македонска бригада и лево по бул.Никола Карев до Транспортен центар.

Во обратна насока автобусите возат по истата траса.

Линија 16 од Железара кон Пржино од парк Жена борец е пренасочена десно низ центар, лево по бул. Св.Климент Охридски (Европски универитет), лево по ул. Јордан Мијалков од каде продолжува по својата редовна траса.

Од Пржино кон Железара возилата на бул. Кочо Рацин после подвозникот вртат лево по бул. „ Св.Кирил и Методиј (Рамстор), десно на бул.Св.Климент Охридски, десно на бул. Димитрие Чуповски и право до градска болница каде вртат лево и продолжуваат по редовната траса.

Линиите 4 и 4А од 11 Октомври, Тафталиџе кон Хром, с.Усје од бул. 11 Октомври се пренасочени од бул. Борис Трајковски десно по бул. Карпошово востание, десно по бул. „Трета македонска бригада, лево по бул. Никола Карев(Транспортен центар), лево по бул. Кузман Јосифовски Питу(Народна банка), десно по бул.Крсте П. МисирковАНУ), лево на раскрсницата кај судот по бул. Гоце Делчев и лево кај МНТ по бул. Филип Втори Македонски до парк Жена борец каде вртат десно на бул.11 Октомври и на Рекорд се враќаат на траса.

Од Хром, Тафталиџе кон 11 Октомври, с.Усје кај Градска болница вртат лево и продолжуваат право до Холидеј Ин каде вртат десно по ул. Кеј 13 Ноември и право кон Транспортен центар каде вртат десно по бул.Никола Карев, десно на бул. „Трета македонска бригада, лево на бул. Карпошово востание, лево на бул.Борис Трајковски и по траса.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.