Моментален број на посетители:
781
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
06 септември 2019
 

АВТОБУСИТЕ ВО ПОНЕДЕЛНИК (9.09.2019 год) ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД, ЖИЧНИЦАТА ЌЕ РАБОТИ, ДЕЖУРНИ ЌЕ БИДАТ ТРИ БИЛЕТАРНИЦИ

 
Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека во понеделник (9.09.2019 година), поради неработниот ден по повод државниот празник 8 Септември-Ден на независноста, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. 

Жичницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време, а по неделен возен ред ќе сообраќаат и автобусите на линија 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно). Превозот на посочените линии за сите патници ќе биде бесплатен согласно одлуката на Советот на Град Скопје за бесплатен превоз во недела на посочените линии за сите категории на патници. 

Дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарницитре на Транспортен центар и на Зелен пазар, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.