Моментален број на посетители:
326
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
16 март 2020
 

 📣СИТЕ МЕРКИ НА ЈСП СКОПЈЕ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОРОНАВИРУСОТ🚌

Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве потсетуваме дека од денеска, понеделник (16.03.2020 год), автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници сообраќаат по единствен саботен возен ред.

❗️Исклучок се автобуските линии 41А (Клинички центар-с.Драчево) и 163 (с.Драчево-Илинден), кои сообраќаат како во работен ден (делник).
Возниот ред може да се види на веб страницата 
www.jsp.com.mk, а информации може да се добијат и во Диспечерски центар на (02)3173-224.
Одлуката е донесена врз основа на намалена мобилност на населението и значително намалениот број на корисници на јавниот превоз, на што укажува и статистиката на ЈСП Скопје.

📍Бројот на корисници на јавниот превоз од ден на ден се намалува.
Колку за пример, вчера, недела (15.03.2020 год), регистрирани се 20.606 валидации, а на 8.03.2020 год, 59.747 валидации.
Односно во периодот од 5-7.03.2020 год, регистрирани се вкупно 537.957 валидации, а во период од 12-14.03.2020 год, регистрирани се речиси двојно помалку, односно 267.403 валидации.

❗️Ве потсетуваме дека билетарниците на ЈСП Скопје и центрите за персонализација работат со скратено работно време, односно до 18 часот.
Укинати се автобуската линија „City tour“, автобуските линии што сообраќаат до Средно Водно (25, 25А и 25Б), а не работи ниту Жичарницата.
Не важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети, а укинат е и бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.

❗️ЈСП Скопје продолжува со дополнителна дезинфекција на своите возила, мерки кои се презедоа од пред десетина дена. Секое возило е подложно на дополнителна дезинфекција, внатрешноста се дезинфицира со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10%, а се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото.

❗️Сите одлуки се времени, ќе важат во наредниот период, се до новите препораки, согласно мерките на Владата на РСМ за превенција и заштита од ширење на коронавирусот.

❗️Апелираме до граѓаните, рационално да го користат јавниот превоз, истовремено да се придржуваат на препораките како да се однесуваат во затворен простор (кивање, кашлање во подлактица или шамивче и слично).

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.