Моментален број на посетители:
570
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
07 април 2020
 

 🕢БИЛЕТАРНИЦИТЕ И ЦЕНТРИТЕ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА ЌЕ ИМААТ СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ, ДЕЛ ЌЕ БИДАТ ЗАТВОРЕНИ

❗️Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека од утре, среда (8.04.2020 год) согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана за движење на сите граѓани од понеделник до петок од 16 до 5 часот наредниот ден, како и забраната за движење oд петок од 16 часот до 5 часот во понеделник, билетарниците и центрите за персонализација ќе имаат скратено работно време, а дел ќе бидат затворени.


За време на викенд, сите продажни места на ЈСП Скопје ќе бидат затворени.


Работно време на билетарници и центри за персонализација во работни денови


📎Билетарници
Од 7.30 до 14 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.


📎Центри за персонализација

Отворени од 7.30 до 14 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.


❗️Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје) чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.


❗️Новото, скратено работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.