Моментален број на посетители:
8383
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Термини на поаѓања
16 април 2020
 

УТРЕ АВТОБУСИТЕ ЌЕ СООБРАЌААТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД, А ОД 16 часот ДО 5 часот ВО ВТОРНИК ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ НЕМА ДА ФУНКЦИОНИРА🚌

  

Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека и утре, петок (17.04.2020 год) јавниот превоз ќе сообраќа во две смени, од 5 до 9, па од 13 до 16 часот, но, по неделен возен ред.

 

 

Во прилог се термините на поаѓање (првите и последните, согласно рестрикциите), со исклучок на линија  бр. 13, бидејќи по неделен возен ред не работи.

Градски линии до 09.00, градски линии пред 16.00 приградски линии до 09.00 и приградски линии пред 16.00.
Останатиот распоред, во меѓупериодот од први/последни наведени термини, може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје.

 

 

Пример за преглед. Линија 5 (Н.Лисиче-Дексион)
Согласно неделен возен ред, линијата 5 почнува да сообраќа од 5.10 ч, па се реализираат сите термини се до последниот термин во 9 часот, односно 5.35 ч, 6 ч, 6.25 ч, 6.43 ч, 7.01 ч, 7.19 ч, 7.37 ч, 7.55 ч, 8.13 ч и 8.31 ч, па продолжува 12.43 ч, како прв наведен термин од 13 ч, па 13.01 ч, 13.19 ч, 13.37 ч, 13.55 ч, 14.13 ч, 14.31 ч, 14.49 ч, и последен наведен пред 16 часот, 15.07 ч.

 

 

🕢Утре, дежурни ќе бидат две билетарници и еден центар за персонализација.

 

 

🕢Од 7.30 до 14 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и во Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар.

 

 

Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто трафики и маркети, дел од секундарната продажна мрежа на ЈСП Скопје.

 

 

Согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на сите граѓани во период од 16 часот во петок, па до 5 часот во вторник (21.04.2020 год), јавниот превоз нема да функционира.

 

 

Во истиот период затворени ќе бидат сите билетарници и центри за персонализација на ЈСП Скопје.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.