Моментален број на посетители:
460
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Термини на поаѓања
22 април 2020
 

 

 
 📣ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ОД УТРЕ ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ДО 19 ЧАСОТ🚌ОД САБОТА од 15 ч до ПОНЕДЕЛНИК до 5 ч, АВТОБУСИ НЕМА ДА СООБРАЌААТ

Ве информираме дека од утре, четврток (23.04.2020 год) со оглед на најновата одлука на Влада на РСМ за забрана за движење на населението во период од 19-05 часот, јавниот превоз ќе сообраќа до 19 часот, во две смени, од 5 до 9, па од 13 до 19 часот.


Од сабота (25.04.2020 год) од 15 часот до понеделник (27.04.2020 год) до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира.
За деталите за режимот на јавен превоз во сабота, ќе информираме во текот на утрешниот ден.



📌ДЕТАЛИ за РЕЖИМ НА ЈАВЕН ПРЕВОЗ УТРЕ И ВО ПЕТОК

Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

📷Во прилог се термините на поаѓање (првите и последните, согласно рестрикциите).последно поаѓање на линија 19 од Карпош 4 е во 18,15 часот
Останатиот распоред, во меѓупериодот од први/последни наведени термини, може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје.

Пример. Линија 15 (Ново Лисиче-Карпош 4).
Согласно саботен возен ред, линијата почнува да сообраќа од 6.40 ч, па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 9 часот односно, 7.02 ч, 7.46 ч, 8.08 ч (последен наведен термин во прилогот пред 9 часот), па 12.32 ч (прв наведен термин во прилогот од 13 часот), 12.54 ч, 13.38 ч, 14 ч, 14.22 ч, 15.06 ч, 15.28 ч, 15.50 ч, 16.40 ч, 17.10 ч и 17.54 ч (последен наведен термин во прилогот пред 19 ч).


🕢РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИ И ЦЕНТРИ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА УТРЕ И ВО ПЕТОК


📎Билетарници
Од 7.30 до 17 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

📎Центри за персонализација
Отворени од 7.30 до 17 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

 


Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје) чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.

 


Новиот, изменет режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки од надлежните институции.


 

Напоменуваме дека ЈСП Скопје не одлучува самостојно за режимот на јавниот превоз, туку, тој е согласно мерките, препораките и насоките на сите надлежни институции задолжени за справување и превенција од ширење на коронавирусот.

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.