Известување
Возилата од линиите 50, 52, 53, 54, 62, 63, 63а, 66, 66а, 68, поради градежни активности на коловозот на потегот од Маџари кино до Маџари млекара сообраќаат изменето. До Маџари кино возат по вообичаената траса, па вртат лево према Ченто, десно пред надвозникот по улица „Јордан Поп-Јорданов“ (стара 50ка) и излегуваат кај Маџари млекара. Овој времен режим важи и во двата правци.