Моментален број на посетители:
432
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
16 октомври 2020
 

Поради градежни активности на дел од трасите, неколку линии од јавниот превоз се пренасочени или скратени.

*Линија 57 е пренасочена од Рекорд по траса на линија 5 по булевар „М.Т.Гологанов“ до Алумина, каде вртат лево на улица „Брадфорска“ и по траса.
Посочениот режим важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 20 од Транспортен центар кон Шуто Оризари од Бит пазар право кон Чаир, лево на улица „Џон Кенеди“, десно од кај Топлана по улица „Лазар Трповски“ и во Топанско поле се враќа на траса.

Посочениот режим важи и во двете насоки на сообраќање.

Линија 16 за почетно/крајна постојка ја користи постојката кај Неуромедика на улица „Јордан Мијалков“.

Во насока кон Пржино сообраќа преку Зелен пазар, улица „Кирил и Методиј“ и улица „Јордан Мијалков“ до Неуромедика.

Во обратна насока од Неуромедика кон Градска болница.

Линија 2 кон Автокоманда, пренасочена е после постојката Континентал, на крстосницата сообраќа десно кон Пожарна, потоа лево кон Пивара, лево кон надвозникот и кон својата почетна постојка во Автокоманда према Сарај.

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.