Моментален број на посетители:
436
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
18 октомври 2020
 

Од 8 часот, линија 7 поради градежни активности на булевар „Никола Карев“ е пренасочена во двете насоки.

Од Лисиче кон Карпош 3, после Раде Кончар возилата вртат десно по улица „Фрањо Клуз“ и од кај Скопјанка продолжуваат право кон Транспортен центар и по траса.

Од Карпош 3 кон Лисиче после Веро Џамбо, возилата вртат десно по булевар „Крушевска република“ и лево кај полициска станица Пролет се враќаат на траса на булевар „Трета македонска бригада“.

Од 8.20 часот, линија 5 поради градежни активности на булевар „Војвода Васил Чакаларов“ е пренасочена од Ново лисиче кон  Дексион.

Од студентскиот дом „Гоце Делчев“ десно по улица „Московска“, лево на булевар „Партизански одреди“ и во Ѓорче Петров кај СП Планет се враќаат на редовната траса.

Посочениот режим важи и во двете насоки.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.