Моментален број на посетители:
597
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
31 март 2021
 

СТУДЕНТИТЕ ОД 1 АПРИЛ ТРЕБА ДА ПОСЕДУВААТ ПРОДОЛЖЕН БИЛЕТ ЗА 2021 година 

Од утре, четврток (1.04.2021 год) сите студенти кои ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз треба да поседуваат уредно заверен/продолжен билет за 2021 година.

Во спротивно, во случај на линиска контрола, ќе им биде издаден записник (казна).

Во замена на билет не се признаваат индекс, потврда за студент и слично.

 

Денеска, среда (31.03.2021 год) истекува рокот за продолжување на важноста на посочениот тип на билет.

ЈСП Скопје заради актуелната ситуација со Ковид 19 излезе во пресрет на студентите и нивните матични факултети и овозможи речиси 5 месеци за продолжување на билетот.

Во два наврати рокот беше продолжен, наместо до 31 декември, тој се продолжи до 28 февруари, односно до 31 март.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.