Моментален број на посетители:
63
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
29 април 2021
 

РЕЖИМ НА ЈАВЕН ПРЕВОЗ И РАБОТНО ВРЕМЕ НА БИЛЕТАРНИЦИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕТСТОЈНИОТ ПРАЗНИЧЕН ВИКЕНД

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека во сабота, (1.05.2021 год) јавниот превоз ќе сообраќа по вообичаен возен ред, без временски ограничувања, а во останатите денови од претстојниот, продолжен празничен викенд, односно во петок, недела и понеделник, автобусите ќе сообраќаат до 21 часот по неделен возен ред.

 

 

ГРАДСКИ ЛИНИИ-последни термини пред 21 ч во петок, недела и понеделник

ПРИГРАДСКИ ЛИНИИ-последни термини пред 21 ч во петок, недела и понеделник

 

РАБОТНО ВРЕМЕ НА БИЛЕТАРНИЦИ

Во сабота (1.05.2021 год) и недела (2.05.2021 год), билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Во петок (30.04.2021 год) и понеделник (3.05.2021 год), дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и на 100 локации од секундарната продажна мрежа (трафики, маркети, тобака).

Прегледот на локациите е достапен на веб и фејсбук страната на ЈСП Скопје.

 

Информации може да добиете и во Диспечерски центар на 3173-224.

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.