Моментален број на посетители:
225
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
18 јуни 2021
 

ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА ЛИНИИТЕ КОИ СООБРАЌААТ ВО РЕОНОТ НА НАРОДНА БАНКА НА РСМ

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека денеска, четврток (17.06.2021 год.), од 18.40 до 20.45 часот,, поради опожарен автобус дел од линиите кои сообраќаат во реонот на НБРСМ, односно Веро Џамбо се пренасочени.

*возилата кои сообраќаат од Транспортен центар кон Автокоманда, а потоа кон населените места, сообраќаат од Транспортен центар, по булевар „Кузман Јосифовски Питу“, улица „Беласица“, Континентал, булевар „Никола Карев“, па продолжуваат по своите редовни траси

*возилата кои сообраќаат од Транспортен центар кон Бит пазар и кон булевар „Партизански одреди“, а потоа кон населените места, сообраќаат од Транспортен центар по булевар „Кузман Јосифовски Питу“, улица „Беласица“, булевар „Гоце Делчев“, потоа десно кон Бит пазар или право кон булевар „Партизански одреди“, па потоа продолжуваат по своите редовни траси

*возилата кои сообраќаат од Транспортен центар кон Југодрво, возат по улица „Никола Карев“ кон Тутунски комбинат, па по булевар „Трета македонска бригада“, булевар „Крушевска република“, а потоа десно или лево по улица „ 11 Октомври“ и потоа продолжуваат по своите реовни траси

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.