Моментален број на посетители:
495
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
09 август 2021
 

ЛИНИИТЕ 5, 11 и 11А во ДЕКСИОН СООБРАЌААТ ПО ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ ОД ВООБИЧАЕНИОТ

 

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека од денеска, понеделник (9.08.2021 година), линиите 5, 11 и 11А во реонот на Дексион, имаат изменет режим на сообраќај од вообичаениот, поради градежни зафати на улица „Кузман Шапкарев“.

 

Возилата од посочените линии ќе возат по посочениот режим, се до завршување на градежните активности кои се изведуваат по налог на Град Скопје.

 

ЛИНИЈА 5

*автобусите од семафорите на булевар „Ѓорче Петров“ вртат лево кон болницата „Санте плус“, па потоа кружно излегуваат повторно на булеварот и продолжуваат по редовната траса

*автобусите за почетно/крајна постојка ја користат постојката во Јурија, а истата постојка ја користат и возилата од линија 160

*посочениот режим важи и во двете насоки на сообраќање

 

ЛИНИИТЕ 11 и 11А

*автобусите во насока од Рашче и Свиларе кон Транспортен центар, од Дексион се пренасочени по улица „Црногорска“, па десно по улица „Атанас Иљоски“, лево на улица „Борис Сарафов“ и продолжуваат право на кружниот тек, па десно по булевар „Македонска војска“, лево по булевар „Ѓорче Петров“ и од постојката Стар пазар продолжуваат по редовната траса

*автобусите во насока од Транспортен центар кон Свиларе и Рашче сообраќаат по редовните траси

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.