Моментален број на посетители:
369
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
31 август 2021
 

ЗГОЛЕМЕН БРОЈ АВТОБУСИ ЌЕ СЕ ВКЛУЧАТ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека од утре, среда (1.09.2021 година) поради почетокот на учебната година и очекуваната поголема фрекфенција на корисници на јавниот превоз, во сообраќај ќе бидат вклучени зголемен број автобуси.

Автобусите ќе сообраќаат по делничен возен ред, односно јавниот превоз ќе го опслужуваат зголемен број на возила во споредба со изминатите неколку месеци.

Возниот ред е достапен на веб страницата www.jsp.com.mk. 

Од утре, повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз. Билетите ќе бидат активирани системски, односно учениците немаат потреба од посета на продажните места на ЈСП Скопје.

Учениците од прва година средно образование ќе добијат на користење времени (хартиени) билети за бесплатно користење на превозот, кои ќе им бидат дистрибуирани преку училиштата.

Потсетуваме дека и натаму времено е укината одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела. 

ЈСП Скопје апелира до сите корисници на јавниот превоз да ја почитуваат одлуката за користење на заштитна маска при користење на превозот.

 

 

 

 

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.