Моментален број на посетители:
369
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
22 октомври 2021
 

НОВА ЛИНИЈА „29“ ОД ЖДАНЕЦ ДО КАРПОШ 3  

Почитувани корисници на јавниот превоз, 

Ве информираме дека од понеделник (25.10.2021 година) ќе почне да функционира линија 29 која ќе сообраќа од Жданец, па преку Трнодол, до Карпош 3 („Сити мол“) и обратно.

Линијата ќе профункционира на барање на жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот, а истовремено и како предлог решение за организиран јавен превоз од/до посочените населени места, имајќи го во предвид проектот за новата мрежа на линии од јавниот транспорт во Градот Скопје.

Почетна/крајна станица на линијата 29 во Жданец ќе биде на улица „Жданец“, а во Карпош 3 на улица „МАНАПО“, на почетно/крајната станица на линија 7 и 59 кај „Сити мол“.

Автобусите ќе се движат по улиците „Жданец“, па до влезот на Трнодол, па по ул. „Козле“, бул. „8 Септември“, бул. „Партизански одреди“ до крајната станица во Карпош 3 и обратно, по истата траса.

Ќе се користат посточеките, утврдени постојки на трасата, а возилата ќе сообраќаат по следниот возен ред:

*од Жданец: 6 ч, 7 ч, 8 ч, 10 ч, 12 ч, 13 ч, 14 ч, 16 ч и 17 ч.

*од Карпош 3: 6.30 ч, 7.30 ч, 9 ч, 11 ч, 12.30 ч, 13.30 ч, 15 ч, 16.30 ч и 17.30 ч.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.