ОД УТРЕ ДЕЛ ОД АВТОБУСИТЕ НА ЛИНИЈА 50 ЌЕ СООБРАЌААТ ДО ХИПОДРОМ 2
Почитувани корисници на јавниот превоз, Ве информираме дека од утре, вторник (26.10.2021 год), дел од возилата кои сообраќаат на линија 50, ќе возат до Хиподром 2, со ознака 50А.
Всушност, возилата на линија 50А во Хиподром ќе сообраќаат по трасата на линија 63 и ќе ги користат постоечките постојки на трасата.
Возниот ред на 50А е достапен на веб страницата, означен со „*“ во делот на возен ред на линија 50.