Моментален број на посетители:
481
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
СООПШТЕНИЕ
04 јули 2014
 

 СООПШТЕНИЕ

Се известуваат граѓаните – корисници на јавен превоз  дека на линиите 66 и 66 Б, почнувајќи од 04.07.2014 год. (ПЕТОК) поради изведување градежни работи (асвалтирање на коловоз) споменатите линии ќе имаат изменета траса на движење.

 

Промените на трасите е следнава:

1.На линија 66 кога оди од Скопје до Бучинци, на Кадинска  раскрсница врти лево кон Ајватовци, па преку Мршевци оди до Бучинци. Од Бучинци оди до Миладиновци (до постојката кај  новата Хала), се враќа назад по истата траса до Мршевци, па преку Ајватовци продолжува по својата траса.

2. На линија 66 Б кога оди од Скопје до Дељадровци, на Кадинска  раскрсница врти лево кон Ајватовци, па преку Мршевци, Бујковци, Миладиновци  до Дељадровци. На враќање се оди по истата траса преку Ајватовци кон Скопје.

          Пренасочувањето ќе трае до завршувањето на градежните работи.

Возниот ред на линиите 66 и 66Б останува непроменет.

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.