Моментален број на посетители:
170
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
09 јануари 2022
 

ПРЕВОЗОТ НЕ ПОСКАПУВА, СЕ ВОВЕДУВА НОВ ТИП НА БИЛЕТ

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ви ја пренесуваме реакцијата на ЈСП Скопје на обвинувањата на Мартин Попов, советник од СДСМ во Советот на Град Скопје, дека поскапува билетот за јавен превоз.

 

СДСМ има најмалку право да зборува за проектите на ЈСП, претпријатие коешто стана еден од најголемите загубари изминативе четири години. Претпријатието е водено несовесно од претходното раководство и поради тоа се наоѓа во толку лоша состојба. 

ЈСП ќе стане вистински сервис на граѓаните, бесплатниот превоз е реалност што ќе се спроведе. Во интерес на јавноста е да се објасни дека превозот не се поскапува, туку се воведува нова услуга. Станува збор за билет за повеќекратно користење во текот на денот што значи поевтинување на превозот за оние кои имаат потреба од негово користење. 

Новото раководство на ЈСП Скопје ќе продолжи да применува проекти во интерес на корисниците на јавниот превоз, користејќи ги сите расположливи ресури и капацитети на претпријатието.

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.