УТРЕ ОД 22 часот НЕМА ДА ФУНКЦИОНИРА ОПЦИЈАТА ЗА ПЛАЌАЊЕ БИЛЕТ СО МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека утре, вторник (11.01.2022 год) од 22 часот, нема да функционира опцијата за плаќање билет во јавен превоз со мобилен телефон (валидација преку бројот 185).
Прекинот на оваа услуга, ќе биде од времен карактер, поради надградба на системот за електронска наплата.
Од среда (12.01.2022 год), опцијата за плаќање со мобилен телефон ќе биде достапна.