Моментален број на посетители:
581
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
01 октомври 2014
 

  Почитувани,

 

 

  Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира сите корисници на услугите дека согласно одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цените за превоз на патници со автобусите во градски и меѓуопштински (приградски) сообраќај во Град Скопје - донесена од Управниот одбор на ЈСП СКОПЈЕ и потврдена од Советот на Град Скопје - почнувајќи од 01.10.2014 година се утврдува нова цена на дополнителниот билет во износ од 1000 денари.

Имено секој патник кои ќе биде затекнат да користи јавен превоз во возилата на ЈСП СКОПЈЕ без билет или со поседување на несоодветен билет од страна на овластениот контролор на ЈСП СКОПЈЕ е должен да го плати издадениот дополнителен билет во износ од 1000 денари. Во спротивно наплатата ќе биде реализирана со ангажирање на овластен извршител во износ од 50 евра глоба.

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.