Моментален број на посетители:
417
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
03 мај 2022
 

ЛИНИИ 100 и 200 ДО САЕМ НА КНИГА ВО СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

 
Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека од утре, среда (4.05.2022 год) до понеделник (9.05.2022 год), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени две привремени линии кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“. 
 
Станува збор за линиите 100 и 200, првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион.
 
И двете линии се воведуваат за полесен пристап на посетителите на Саем на книга 2022 год, кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“.
 
Цените на автобуските билети се според официјалниот ценовник на ЈСП Скопје, а возниот ред е достапен на веб страната
 
ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ  
 
ЛИНИЈА 100 (Н.Лисиче - СЦ "Борис Трајковски")
 
*Улица „Февруарски поход“, булевар „В.С.Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Ј.Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, Арена „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса
 
ЛИНИЈА 200 (Дексион - СЦ „Борис Трајковски")
 
* Улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса
 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.