Моментален број на посетители:
42
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
08 јуни 2022
 

ОД ПОНЕДЕЛНИК СТАРТУВА ЛЕТЕН ВОЗЕН РЕД, ЗА ВРЕМЕ НА РАСПУСТОТ НЕ ВАЖАТ БЕСПЛАТНИТЕ СРЕДНОШКОЛСКИ БИЛЕТИ

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека поради завршувањето на учебната година 2021/2022, од понеделник (13.06.2022 год), јавниот превоз ќе сообраќа по летен возен ред, а ученичките бесплатни билети нема да важат за време на летниот распуст. 

Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни.

 

Основците/средношколците (не важи за средношколците кои сега завршуваат четврта година) по повластени цени можат да купат месечен билет за јули или август по цена од 600 денари (за еден месец).


За купување т.н. сезонски билет за ученици, неопходно е лицето да приложи потврда дека е ученик и да достави ученичка книшка на увид.

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.