Моментален број на посетители:
477
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ
14 ноември 2014
 

 ЈСП Скопје ги известува своите патници дека во  недела (16.11.2014 год.) во периодот од 16,00 до 17,30 часот, поради одржување на Ноќна атлетска трка низ улиците на Скопје „13 Ноември“,  дел од центарот на Скопје  ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки. Тоа се улиците 11-ти Октомври од крстосницата кај Црвен крст, пред парламент, Плоштад Рекорд (ул. Димитрие Чуповски до крстосницата кај Палома Бјанка), ул. Војвода Васил Аџиларски од Холидеј Ин до крстосницата кај Градска болница.


             Поради тоа потребно е да се изврши пренасочување на сите линии кои поминуват на овој потег и тоа:
             1. Линиите со број  50, 57, 59 кај Мавровка продолжуваат по бул. Гоце Делчев, бул. ВМРО, бул. Партизански Одреди и да продолжат по своите траси во двете насоки.
            2. Линиите со број  3, 4, 4А, 5, 7, 7Б, 15, 15А, 21, 22, 24, 25, да се движат по бул. Кочо Рацин, 
ул.Кирил и Методиј (Рамстор) и да продолжат по своите траси. Во обратна насока да се движат по ул. Даме Груев (позади Собрание) и да продолжат по своите траси.

            3. Линијата бр.16 од Битпазар ќе се движи  право по бул. Кочо Рацин (Југодрво)  и ќе продолжи по своја траса во двете насоки.

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.