Моментален број на посетители:
87
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
18 јуни 2022
 

ВИКЕНДОВ АВТОБУСИТЕ КОН/ОД ДРАЧЕВО ЌЕ ВОЗАТ ПО ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ

 
Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека од утре, сабота (18.06.2022 год) во вечерните часови до недела (19.06.2022 год) во вечерните часови, возилата од јавниот превоз од/кон Драчево ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.
 
По изменет режим ќе возат линиите 31, 33, 41, 42, 51, 67 и 74.
 
Во насока кон Драчево, возилата од булевар "Борис Трајковски" ќе вртат лево на семафорите кај Цементара, па по булевар "Србија", потоа десно по булевар "Дванаесетта македонска бригада" ќе продолжуваат по траса на линија 33 низ село Горно и Долно Лисиче, па оттаму секоја ќе продолжува по својата редовна траса.
 
Посочениот режим ќе важи и во обратна насока.
 
Автобусите ќе возат по изменет режим поради градежни зафати на мостот на Маркова река.
 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.