Моментален број на посетители:
264
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
05 јули 2022
 

КОМПЛЕТНО Е ФУНКЦИОНАЛНА МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА „СКОПСКА“ - ВИРТУЕЛНА АВТОБУСКА КАРТА

  

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека од неодамна целосно функционална е мобилната апликација „Скопска“ која претставува замена за неперсонализираната електронска картичка „Скопска“, практично таа е виртуелна автобуска карта.

Апликацијата е достапна за корисници на „смарт“ мобилни телефони со Android или IOS оперативен систем.

Нуди низа поволности, меѓу кои основните за електронско купување и валидирање на билет, а располага и со алатки (возен ред, мапа на постојки, рута на планирање и друго) кои во голема мера го олеснуваат користењето на јавниот превоз.

Во изминативе неколку месеци, апликацијата ги мина сите фази на тестирање и очекуваме дека нејзините корисници нема да се соочат со проблеми од техничка природа, а во спротивно можат да пријават проблем и слично на apskopska@jsp.com.mk. 

Ја создадовме аликацијата водејќи се со паролата „Биди во чекор со дигиталниот свет“, а како уште една дополнителна поволност за побрзо и поквалитетно користење на услугите на јавниот превоз во градот.

И натаму корисниците на јавниот превоз билет можат да купат/валидираат со електронска картичка „Скопска“, со опцијата Mobipay (мобилно плаќање), а може да се купи и хартиен билет во билетарниците на ЈСП Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.