Моментален број на посетители:
435
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
16 септември 2022
 

УТРЕ ТРИЧАСОВЕН ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА ПОВЕЌЕ ЛИНИИ

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека утре, сабота (17.09.2022 год), во период од 17.30 часот до 20.30 часот, поради одржување на велосипедска трка „Куп на Град Скопје“, дел од централното градско подрачје ќе биде затворено за сообраќај, а возилата од јавниот превоз кои сообраќаат во тој реон ќе возат по изменети траси од вообичаените.

Режим на движење

Линии 3, 3А и 3Б

·       во насока од Аеродром кон Клинички центар/Панорама, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил и Методиј“, па од кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар/Панорама

·       во насока кон Аеродром, од Клинички центар/Панорама, по булевар „Мајка Тереза“, па ќе вртат десно по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по своите редовни траси

Линија 4

·       во насока од населба „11 Октомври“ кон Хром , од улица „11 Октомври“ ќе врти лево  по улица „Кирил и Методиј“, од кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево по булевар „Партизански одреди“ ќе продолжува по својата редовна траса

 

·       во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линија 4А

·       во насока од Усје кон Тафталиџе, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, од кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружниот тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по својата редовна траса

·       во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“,  па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линија 5

·       во насока од Ново Лисиче кон Ѓорче Петров, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, па улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ќе продолжува по својата редовна траса

·       во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линија 7

·       во насока од Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, од кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса

·       во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

 

Линија 15

·       во насока од Ново Лисиче кон Карпош, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, од кај Дом на печат ќе врти десно по булевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса

·       во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линии 21, 21A и 22

·       во насока од Транспортен центар кон Бардовци и Волково, од кај Комплекс банки ќе продолжува по булевар „Крсте Петков Мисирков“, лево по булевар „Гоце Делчев“, булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса

·       во обратна насока ќе сообраќаат по истата изменета траса

Линија 23

·       во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат

·       во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“, булевар „Климент Охридски“, па десно по улица „Димитрие Чуповски“, десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линија 24

·       во насока од Кисела Вода кон Тафталиџе, од кај подвозникот ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса

·       во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линија 25

·       во насока од Транспортен центар кон Средно Водно, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе врти лево по булевар „Мајка Тереза“ и ќе продолжува по својата редовна траса

·       во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“, улица „Димитрие Чуповски“, па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линии 27 и 33

·       во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат

·       во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“, булевар „Климент Охридски“, па десно по улица „Димитрие Чуповски“, десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса

Линиии 50, 50А, 57, 57А и 59

·       во насока на Клинички центар/Дом на печат/Козле и Карпош, од постојка Бит пазар ќе вртат десно по булевар „Гоце Делчев“, а после мост Гоце Делчев и булевар „ВМРО“ ќе продолжуваат по своите редовни траси

·       во обратна насока ќе сообраќаат по изменетата траса

 

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.