Моментален број на посетители:
310
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
16 септември 2022
 

ВО НЕДЕЛА ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА ПОВЕЌЕ ЛИНИИ

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека во недела (18.09.2022 год), во период од 9.30 часот до 14.30 часот, поради одржување на велосипедска трка „Гранд фондо Скопје 2022“, линиите 2, 2А, 8, 11, 11А, 12, 18, 19, 56, 56А и 60, ќе сообраќаат по изменети траси од редовните.

Режим на движење:

Линии 2 и

·       во насока од Ѓорче Петров кон Автокоманда, после Соборен храм ќе вртат десно по улица „Даме Груев“, па лево по улица „Димитрие Чуповски“, улица „11 Октомври, па по улица „Филип Втори Македонски, булевар „Гоце Делчев и ќе продолжуваат по своите редовни траси

·       во обратна насока, ќе се движат по истите изменети траси

 

Линија 8

·       во насока од Бутел кон Влае, од булевар „Гоце Делчев“ кај Мавровка ќе врти лево по улица „Филип Втори Македонски“, па десно по улица „11 Октомври, улица „Димитрие Чуповски“, десно по улица „Даме Груев“, лево по булевар „Партизански одреди“, па десно по булевар „8 Септември“, лево по булевар „Илинден“ и ќе продолжува по редовната траса

 

Линии 12 и  19

·       во насока од  „Ист гејт“/Бит пазар кон Карпош, од булевар „Гоце Делчев“ кај Мавровка ќе вртат лево по улица „Филип Втори Македонски“, десно по улица „11 Октомври“,  улица „Димитрие Чуповски“, па десно по улица „Даме Груев“, лево по булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжуваат по своите редовни траси

·       во обратна насока, ќе се движат по истите изменети траси

Линии 11, 11А, 18, 56, 56А и 60

·       во насока од Транспортен центар кон Ѓорче Петров, од кај Комплекс банки ќе вртат лево по булевар „Кочо Рацин“, десно по улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, десно по улица „Даме Груев“, лево по булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжуваат по своите редовни траси

·       во обратна насока ќе се движат по истите изменети траси

 

 

 

     

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.