Моментален број на посетители:
416
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
20 септември 2022
 

ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА ЛИНИЈА 24 ВО РЕОНОТ НА КИСЕЛА ВОДА

Почитувани корисници на јавниот превоз,

Ве информираме дека од утре, среда (21.09.2022 год), линијата 24 во реонот на Кисела Вода ќе сообраќа по изменет режим од вообичаениот, поради затворањето на улица „Димо Хаџи Димов“, од вкрстувањето со улица „Божидар Аџија“ до вкрстувањето со улица „Народни херои“, на која ќе се изведуваат градежни работи.

Во правец од Центар кон Кисела Вода, од улица „11 Октомври“ (постојка Зелен пазар) возилата ќе продолжуваат право по улица „11 Октомври“ по траса на линија 58, па по улица „Борис Трајковски“ до вкрстувањето со улица „Народни херои“, потоа ќе вртат десно по улица „Народни херои“, на семафорот ќе вртат лево и ќе продолжуваат по својата редовна траса.

На изменетата траса возилата ќе ги користат постојките од линија 58. 

 

Во обратен правец, од Кисела Вода кон Центар, возилата ќе сообраќаат по трасата на линија 58 се до крстосницата со булевар „Кочо Рацин“, потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса.

На изменетата траса возилата ќе ги користат постојките од линија 58. 

 

Изменетиот режим ќе важи во наредниот период, се до завршување на градежните работи на улиците кои се дел од редовната траса на линија 24.

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.