Моментален број на посетители:
2086
 
 
 
Наскоро корисниците на веб страната на ЈСП ќе бидат во можност за планрање на патувањето
Информации за сите расположливи типови на билети, цени, можност за превземање на барање за издавање на билети ...
Информации за сите места во Скопје и пошироко каде корисниците на јавниот превоз можат да купат билети од сите типови и видови ...
 
Известување
20 септември 2022
 
ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА ЛИНИИТЕ 4А и 5 

Почитувани корисници на јавниот превоз, 

Ве информираме дека од утре, среда (21.09.2022 год), поради градежни зафати и затворање на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од кружниот тек до раскрсницата со булевар „Св.Климент Охридски“, линиите 4А и 5, ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

 

Затворањето на улицата ќе се одвива фазно.

 

Во првата фаза, ќе бидат затворени само сообраќајните ленти во правец кон Ѓорче Петров.
Во таа фаза, возилата од центар, од улица „Димитрие Чуповски“, ќе вртат лево по булевар „Св.Климент Охридски“, кај Дом на печат ќе вртат десно по улица „Св.Кирилј и Методиј“, па на кружниот тек ќе продолжуваат по своите редовни траси
.

При посочениот режим, како времена автобуска постојка во правец кон Ѓорче Петров, ќе се користи просторот кај металните косини на тротоарот кај АМСМ. 

 

Во втората фаза, ќе бидат затворени сообраќајните ленти од кружниот тек кон централното градско подрачје.

Во таа фаза, возилата од кружниот тек ќе продолжуваат по улица „Св.Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Св. Климент Охридски“, потоа ќе продолжуваат по улица „Димитрие Чуповски“ по своите редовни траси.

При посочениот режим, како времена автобуска постојка ќе биде делот после раскрсницата со улица „Народен фронт“, односно третата канделабра после раскрсницата.

 

Изменетиот режим ќе важи во наредниот период, се до завршување на градежните работи на улицата која е дел од редовната траса на линиите 4А и 5.

 

 
 
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје - Изработка Unet Interactive 2009. Сите права се задржани.