ПОРАДИ ДОЈАВА ЗА БОМБА УТРИНАВА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ БЕШЕ БЛОКИРАН
Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека од утринава, по налог на МВР, сите возила на ЈСП Скопје се повлечени од сообраќај поради дојава за поставена рачна бомба во едно од возилата.
Екипите за антитероризам се на терен и постепено возилата се вклучуваат на линија по претходна соодветна безбедносна проверка.
Лицето, вработено во ЈСП, а кое ја испратило заканата е приведено од страна на МВР.
ЈСП нема да дозволи било какви уцени, закани, притисоци и обиди за саботажи да го нарушат работниот процес на претпријатието и ќе продолжи да работи во на интерес на граѓаните. Безбедноста и сигурноста на вработените во ЈСП и скопјани секогаш е приоритет на претпријатието.