НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД НА БАДНИК И БОЖИЌ, ЌЕ ИМА ДЕЖУРНИ БИЛЕТАРНИЦИ, ЖИЧАРНИЦАТА ЌЕ РАБОТИ ВООБИЧАЕНО
Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека на 6 и 7 јануари (Бадник и Божиќ) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на неколку приградски линии кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Возниот ред е достапен на веб страницата.
На Бадник и Божиќ, Жичарницата ќе работи од 10 до 17 часот.
На 6, 7 и 8 јануари дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 6.30 до 13.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.