НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД НА ВОДИЦИ, ЌЕ ИМА ДЕЖУРНИ БИЛЕТАРНИЦИ, ЖИЧАРНИЦАТА ЌЕ РАБОТИ ВООБИЧАЕНО
Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека утре, четврток (19.01.2023 год), поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.
Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и билетарницата во Ѓорче Петров од 6 до 13.30 часот.
Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.
|